Е,сега јас не се слагам со тебе Гига и сметам дека Zan е во право! Проблемот на двата секундари е дали двата напони се идентични и ако сакаме бифиларно мотани напони да разделиме-треба правилно да ги фазираме ,односно да го погодиме почетокот на едниот намот и почетокот на другиот во една точка.Исто и краевите.Е,вака фазирани ( исти смер) може да имаме дуплирање на јачина на струјата без промена на напонот!! Само јас не би го правел тоа-или појак трафо или да си најде уште еден таков.
Тоа е веќе практичен проблем. Јас пишав чисто теоретски (под услов напоните и струите да се во фаза). Инаку, не, во никој случај не би препорачал паралелна врска на два секундара.
Трафо од 6W и 2x9V има максимална снага 6W што и да му правиш.Жицата у секундарот е димензионирана за таа снага и струја низ неа,не може да извадиш повише снага или струја,ќе се прегрее и прегори.
Токму така, се сложувам. Јас само напоменав дека ако се врзата двата секундари паралелно, тоа значи дека излезниот напон се намалил дупло, што (теоретски барем) дозволува тоа трафо да даде дупло повеќе струја, при што равенката за моќноста (колку може да даде јадрото), останува запазена (напонот дупло се намалил, автоматски, јадрото може да даде дупло повеќе струја, а и дебелината на жицата е дуплирана, ако се смета дека со паралелната врска се дуплира дебелината на жицата, односно се собираат двата напречни пресека, па не гледам каде има проблем во логиката).
Но, пак ќе напоменам, ова е само на хартија, не се препорачува паралелна врска на секундари на трафо баш поради причините кои batka ги наведе (дефазирање на напони, струи, нееднакви вредности на секундарните напони, итн.). Сериско врзување, да, ама не и паралелно.
Е сега, можеби некој ќе рече „ама гледав како за пункт апарати преправани од трафоа за микробранови печки како паралелно врзуваат секундари“. Да, паралелно може да се врзуваат (мислам дека членот puknati го правеше тој пункт апарат, можеби и грешам, нека ме корегира кој и да го правел
), но таа жица е толку дебела и има толку малку намотки, што напонот на нејзините краеви е многу блиску до нулата (не верувам дека е повеќе од 1V), па и да има некоја ситна разлика во напоните, тоа нема премногу да влијае на толку дебела жица (струјата што ќе тече од намотката со поголем напон кон намотката со помал напон ќе биде од редот на микроампери, можеби до кај 1mA, а на толку дебела жица, ако воопшто може да се нарече жица тоа
, повеќе личи на сајла, таа јачина на струја нема воопшто да предизвика загревање на жицата, па и на јадрото). Загревањето на јадрото поради повратната струја ќе биде минимално бидејќи тие јадра се прилично масивни, па толку мала повратна струја нема ни да ја осетат
.
Проблемот се јавува кога сакате паралелно да споите секундари баш од вакво трафо, некое кое нема голема моќност, на пример 10-тина вати, со излезен напон од, на пример, 2 X 12V. Дури и да ги погодите фазите на намотките (тоа лесно може да се забележи, ако се во противфаза, кога ќе ги споите паралелно, напонот ќе биде блиску до нулата или тука некаде, можеби до кај 1V или 2V), проблемот е што трафото има мала моќност, автоматски жиците од секундарните намотки се тенки (нема поента да ставам дебела жица ако јадрото на трафото не може да даде повеќе од 10W), па следува дека и мали јачини на повратни струи (поради нееднаквоста на излезните напони од секундарот) ќе влијаат врз додатно загревање на намотките. Освен тоа, колку е разликата во напоните поголема, толку ќе биде и повратната струја поголема, а со вредности на напони од редот на околу 10-тина волти, таа разлика веќе не е од редот на неколку mV, туку може да биде и 500mV, 1V, па некогаш и повеќе (зависи колку е добро, односно лошо, изработено трафото). Е, тука е проблемот, повратната струја предизвикува додатно загревање на намотките, таа повратна струја се враќа дел кон другата секундарна намотка (повратната струја ја дава онаа секундарна намотка која има повисок напон), дел назад кон мрежата, тоа предизвикува додатно (константно) загревање на јадрото, дури и кога работи во празен од.
Ете зошто не се препорачува паралелна врска на секундари. Па дури и да се од различни трафоа, не се препорачува од овие причини. Сериската врска, да, препорачлива е, но под услов двете трафоа да се исти (не мора да се идентични, но максималната моќност која може да ја дадат да биде „тука некаде“).