Ако може да се раздвојат жиците кај средниот извод, и наместо сериски, да се поврзат паралелно, тогаш може.
Не се сигурни тие врски, никогаш нема напонот на двата секундари да биде идентичен, па поради тоа, секогаш ќе се јави течење на струја од едниот секундар кон другиот (кој и да е од нив два, струја ќе тече од оној кој има поголем напон кон оној кој има помал напон), што ќе предизвика додатно греење на трафото поради повратното течење на струја. Не се препорачуваат вакви врски. Сериска, да, паралелна, не.
Најсигурен начин да добиеш јачина на сртуја од 2A е ако го премоташ трафото (под услов јадрото да може да ја издржи таа јачина на струја за определен излезен напон).