Ако ставам друга пример обична со волфрамово влакно, или некоја млечна (сега што ги ставаат по бандери наликуваат како спирали) ќе влијае ли теглата врз ламбата?
Тие се CFL-ки (во принцип, неонки со електронска пригушница) и трошат помалку струја во однос на обичните сијалици со жаречко влакно, а и во однос на живините. Да, ќе им пречи затворена тегла, значително ќе им се намали векот на траење, бидејќи имаат електронска пригушница со електронски компоненти (кондензатори, транзистори, диоди, отпорници...) и всушност, од целата конструкција на сијалицата, токму тие најмногу греат (ако ја допреш сијалцијата, само малку топла е, исто како и обична неонка), па затоа и имаат дупчиња за ладење на пластиката. Најдобро е ако ја оставиш да седи отворена. Исто така, животниот век и се продолжува и ако ја палиш и гасиш само еднаш во вечерта (редовно палење и гасење, на кратки временски интервали, на пример, на секои 5 минути, значително го намалува времето на живот на овие сијалици).