Станува збор за улична, јајчеста млечна сијалица, повторно погледнав внатре и има влакно, некој отпорник , како да има и биметални елементи еве точно што пишува на неа:
OSRAM
HWL (MBFT)
160W 225V
P.R.C. f978 , ваква сијалица не верувам да се употребува дома, ја исклучувам и можноста да има недобар спој помеѓу контактите (пред некој ден ја поврзав и погледнав детално, на фасонката ставив селиконски проводници). Има во одговорите на темава пишано да пуштам ваздух во теглата, но каква улична ќе биде таа
отворена не ми е јасно, временските промени (дожд, снег) ќе влијаат на неа.
еве како изгледа, само послаба.
Имам видено сијалици или рефлектори во портокалова боја или како темно жолта , многу осветлуваат, најчесто ги имам видено се употребуваат во претпријатиа каде има машини, осветлување на споменици и.н. За какви сијалици станува збор знае ли некој?