Или пишете линк, каде е тоа напишано од OSRAM, да прочитаме.
еве ти го линкот сам да си прочиташ http://www.osram.com/osram_com/products/lamps/high-intensity-discharge-lamps/mercury-mixed-light-lamps/hwl/index.jsp
она за кое јас цело време зборувам ќе го најдеш во Technical data и оди подоле на Capabilities па Burning position каде ќе видиш дека стои hs30 што означува +- 30степени од вертикалната положба со навојот(металниот дел на светилката) горе а стаклото доле се надевам дека бев јасен ако не ќе се објаснуваме понатаму
Почитувани Zdravkovski,
Ако можете да видите поназад, во мојот пост
- Одговор #8 пратена : 2013-04-16, 11:33:07,
во кој имам дадено attach-мент "OSRAM HWL 160 W 225V E27.pdf",
и во него пишува за Burning position: hs30. Значи сум го прочитал тоа.
Ова пост е пред вашиот пост со објаснување за вертикална положба, грло, +/- 30 степени.
Искрено, незнаев што означува "hs30". И за да не барам насекаде по Интернет, најкултурно си прашав, што попрецизно означуваат поимите: вертикално, грло,.... употребени во постовите, односно hs30.
Затоа најпрецизно прашав дали треба на-горе, на-доле, или може и на-горе и на-доле.
Мене не ми треба да поставувам ваква светилка, и не морам ни да дознаам, ниту да прашам. Меѓутоа како мене што не ми се јасни некои постови напишани многу кратки, верувам дека и на други читатели му се нејасни. Затоа препрашав попрецизно.
Сега кога почнавме да се објаснувaме, приложувам неколку фотографии (види attach pic) кои сликовито ги објаснуваат овие ознаки за позициите на поставување на светилки. Ова што е прикажано сликовито на сликите, јас се обидов да прашам со зборови што поточно означува (бидејќи не ми јасна ознаката hs30). h - hanging. s - standing.
Ево и Тома, веќе ги има најдено и културно постуваше една фотографија, а уствари прашував конкретно за тоа.
Инаку hs30 не е објаснета што означува, ниту во мојот datasheet кој го имам претходно испратено, ниту во Вашиот линк кој го испративте каде што требаше да читам, ама нели не сум прочитал.
P.S.
Сепак пишуваме/постуваме за техника. Да пишуваме колку што може попрецизно, и поопширно за да ни биде повеќе јасно на сите. За доброто на сите. Ако не е јасно/ опширно и прецизно напишано, може некој и поинаку (читај: погрешно) да го толкува/разбере.
Благодарам.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: [time]18 Април 2013, 20:52:04[/time]
Јас употребував термини стаклена "крушка" и метална "фасонка".
А Вие употребувате "грло", кое незнам дали се однеува на крушката или фасонката. По мое видување, грлото е потанкиот дел (стеснувањето) на стаклената крушка, односно грлото (мене ме асоцира) дека е на средина меѓу здебелениот дел - крушката и металниот дел - фасонката.
Грло се нарекува металниот дел од сијалицата (контактите). Затоа викаат „дајте ми сијалица со дебело грло“ за крушкастите, а за оние потенките (во форма на издолжено јајце, некако вака ќе му дојде ) викаат „дајте ми сијалица со тенко грло“ .
Да, во право си, но тоа незнам колку е паметно да се употребува за светилка/сјалица.
Светилката нема уста, дупка, за да има "грло". Кај светилка неможеш да кажеш "грло". Можеш да употребиш термини: врат, глава, опаш, база, основа, метален дел, стаклен дел, .... но неможеш да употребиш термин - грло.
Под грло се подразбира устата (дупката) во фасонката во лустерот каде се заштрафува (влегува) светилката.
Е сега, ако фасонката треба да биде дебела или танка, таа мора да биде иста, и на светилката и на лустерот. Така, купуваме соодветна светилка за соодветна фасонка за лустер.
Светилка со врат Е27 влегува само во лустер/фасонка со грло Е27. Можеби од тука доаѓаат испреплетувањето, замените, и поистоветувањата на термините.
Споено мислење: [time]18 Април 2013, 21:02:23[/time]
Јас го сватив, со грлото нагоре и +, - 30 степени да работи правилно и пробав работеше , а за твоето прашање под b) не знам дали ќе работи, односно на твоето прашање ќе одговорам под a).
Значи точниот одговор на ознаката hs30, е дека може и нагоре и надоле (без разлика што означува на-горе или на-долу). Односно како одговор на моето прашање би било и под a.) и под b.) дека ќе работи.
Види како ти одговара повеќе, така поставија.