GigaWatt Друже то не е за зуењето да се изгуби јас барам скретница или незнам како да ја наречам за од еден звучник да направам два звучници т.е да му пуштам сингали од еден звучник кон друг фактички од еден излез да направам два излези дали е то можно
Вака, зуењето ти е од високофреквентните пречки кои моторот ги внесува во напонот од кој се напојува засилувачот (акумулаторот). Е сега, на акумулаторот, не му пречат овие пречки, но на засилувачот му пречат (напонот не е доволно стабилен), па засилувачот зуи. За да се елиминираат овие пречки, потребно е да се постави филтер во напојувањето на засилувачот. Шемата што ја post-ирав е шема за филтер за напојување на засилувач за во кола.
А другиот проблем кој го имаш, не е поврзан со овој со зуењето. Тоа е сосема друг проблем. И за што бараш сега решение, за зуењето или за проблемот со врзување на повеќе звучници на еден излез?
batka добро ти пиша. Околу врзувањето на повеќе звучници на еден излез од засилувачот, можно е да се изведат две различни комбинации, паралелна или сериска врска на звучниците. Од искуство, ако звучниците имаат импеданса од 4ohm-и, врзи ги сериски на излезот од засилувачот, ако имаат импеданса од 8ohm-и, врзи ги паралелно на излезот од засилувачот. Ако парот од звучници кои го врзуваш на излезот од засилувачот (без разлика дали е врската паралелна или сериска) се елипси со вградени високотонци, нема да имаш потреба од никакви свртници. Ако се обични кружни бас-среднотонци, ќе треба на нив да додадеш и високотонци за кои ќе ти треба свртници. Пиши што од ова имаш.