Author Topic: Помош со звучници за во кола!  (Read 2389 times)

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Помош со звучници за во кола!
« Opened on 09.04.2013, Tuesday, 21:20:22 »
Здраво! Имам еден проблем имам направено појачало 4х50 watt со TDA7560 и зедов елипси за појачалото оти слабо ми е радиото значи мн убав глас вадат ги приклучив на додатните излези на радиото не на излезите од радиото туку на пинчината шо се како од двдито и преку појачало но кога ке ја запалам колата се јавува некој звук на зуење кога ја прицкам туражата има некаков звук и не се губи, има ли некоја блокажа за да ги снема тие звуци? И дали има некоја скретница од еден излез од радиото да извам два излези пример од еден звучник да направам два звучници оти сакам 6 звуцници во колата . Ве молам за помош! Поздрав!
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Пробај подобра филтрација за напојувањето....големи електролити :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве ти шема за филтер за напојувањето на засилувачот ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8066.0
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Фала ви многу за шемите ќе ги пробам утре. Но дали има некоја скретница од еден излез на радиото да направам два излези или од еден звучник да му пуштам сигнали на др звучник појак преку појачало? :)
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Второто...само ќе запазиш колку звучници имаш и импедансата ;)

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Големи електролити но нема некоја шема или пак колку електролити која вредност  ???
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Големи електролити но нема некоја шема или пак колку електролити која вредност  ???

Друже, ти дадов линк, на шемата од линкот се е означено.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
GigaWatt Друже то не е за зуењето да се изгуби  ??? јас барам скретница или незнам како да ја наречам за од еден звучник да направам два звучници т.е да му пуштам сингали од еден звучник кон друг фактички од еден излез да направам два излези дали е то можно    :-X   ;)
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Кико,малку појасно пишувај и изрази се правилно- ти сакаш на еден излез да врзеш повеке звучници,ако те разбрав добро.Значи,прво колку има импеданса излезот (2 или 4 оми),така треба да ги комбинираш и звучниците.Ако врзеш паралелно 2 звучника по 8 оми ке добиеш 4 оми колку што е потребно за појачувачот.Прашање дали сакаш да врзуваш исти звучници или тоа ке бидат бас + високотонец( за што треба наједноставна свртница ( со по еден кондензатор во + водот на високотонецот) За тоа колкав треба да биде  кондензаторот пробај со проба- стави 1,2,3.3мФ и слушај го звукот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
GigaWatt Друже то не е за зуењето да се изгуби  ??? јас барам скретница или незнам како да ја наречам за од еден звучник да направам два звучници т.е да му пуштам сингали од еден звучник кон друг фактички од еден излез да направам два излези дали е то можно    :-X   ;)

Вака, зуењето ти е од високофреквентните пречки кои моторот ги внесува во напонот од кој се напојува засилувачот (акумулаторот). Е сега, на акумулаторот, не му пречат овие пречки, но на засилувачот му пречат (напонот не е доволно стабилен), па засилувачот зуи. За да се елиминираат овие пречки, потребно е да се постави филтер во напојувањето на засилувачот. Шемата што ја post-ирав е шема за филтер за напојување на засилувач за во кола.

А другиот проблем кој го имаш, не е поврзан со овој со зуењето. Тоа е сосема друг проблем. И за што бараш сега решение, за зуењето или за проблемот со врзување на повеќе звучници на еден излез?

batka добро ти пиша. Околу врзувањето на повеќе звучници на еден излез од засилувачот, можно е да се изведат две различни комбинации, паралелна или сериска врска на звучниците. Од искуство, ако звучниците имаат импеданса од 4ohm-и, врзи ги сериски на излезот од засилувачот, ако имаат импеданса од 8ohm-и, врзи ги паралелно на излезот од засилувачот. Ако парот од звучници кои го врзуваш на излезот од засилувачот (без разлика дали е врската паралелна или сериска) се елипси со вградени високотонци, нема да имаш потреба од никакви свртници. Ако се обични кружни бас-среднотонци, ќе треба на нив да додадеш и високотонци за кои ќе ти треба свртници. Пиши што од ова имаш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Вака сеа сакам да клам уште два звучника од по 4оми обични без високотонци само бас.. на еден излез по два звучници преку појачало. Значи по мое треба да бидат сериски поврзани без додавање на кондензатори? Можи грешам па исправете ме  :)
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Вака сеа сакам да клам уште два звучника од по 4оми обични без високотонци само бас.. на еден излез по два звучници преку појачало. Значи по мое треба да бидат сериски поврзани без додавање на кондензатори? Можи грешам па исправете ме  :)

Да, сериски ќе ги врзеш. Нема потреба од кондензатори, тие требаат само за високотонците.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Кико, основи на електротехника...5то осмолетка :D ...ти напишав пази колку звучници и импедансата...ќе ги комбинираш да добијаш импеданса што ти треба. Сериски се збираат, а паралелно реципрочни вредности..па израчунај ако се сите басови не треба никакви кондензатори и слично...веќе другите ти кажаа ;)

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Готово решен проблемо фала ви многу. А некоја шемичка да имате од некоје појачало со два влезови а со четири излези???  ;D
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
А некоја шемичка да имате од некоје појачало со два влезови а со четири излези???  ;D
Отвори си друга тема за тоа прашање.
Жан