Author Topic: TSS звучници - самоградба  (Read 10282 times)

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
TSS звучници - самоградба
« Opened on 09.04.2013, Tuesday, 19:45:17 (Edited 12.04.2013, Friday, 16:16:51) »
Поздрав до форумџиите,

Почнувам со проект за поклон (подарок) - звучници и засилувач. Имам TSS звучници купени од кај „Ваце“ во Аеродром и „седат“ за џабе веќе две години неотпакувани.
 
Купени ми се два пара басови - 8 инчи (20 сантиметри, де - боја сиво-метална), високотонци два и две 12-ки (жолта боја) од кои треба да произлезе - прифатлив звук за несовршено уво.

Пишав - „несовршено уво“, охрабрен од напис во Емитер (деновиве пред години) дека од тие „малите“ басови може во ТЛ кутија (беа дадени димензиите) може да се извлече звук кој најблаго речено - може да ссе споредува (така ми е сликата од текстот од последната реченица). Проектот е на Владо Филевски кого неколкупати го видов за мерење претходно направени звучни кутии.

Штета што не можам вечерва да ги ставам фотографиите од „голите звучници“, но утре и тоа (да прочитам за поставување фотографии).

Засилувачот ќе биде со ЛМ (мој фаворит). За предзасилувач се мислам, бидејќи за ЛМ 3886/3875 извонредно е да се стави само Buffer (оној на Пеѓа Рогиќ) или од Данџен децибел. Истакнување басови и високи не ми е приоритет, нормално возрасен сум.

Целата конструкција за звучниците ќе биде ТЛ кутија, но дизајнот преземен од Sonus Faber Minima или  Sonus Faber Concertino Domus....

не знам како звучат тие кинески звучници, но го респектирам В.Ф. и неговата посветеност, но не ја разбирам причината за неколкукратното менување на скретницата (во неколку броеви).

ДОКОЛКУ некој од Вас ја има последната шема за скретницата, би му бил благодарен да ја постави на форумот.

Од останатите сакам малку коментари за звукот кој може да се очекува. Досега не сум направил нешто што не звучи како што треба бидејќи правам само за луѓе кои ми се пријатели или другари (не наплаќам).

Овој ТЛ модел „ми е во глава“...



„Жолтите“ звучници - 12-ки ќе бидат т.н. бас-сабвуфери, одделно во кутија.

Всушност, еден во кутија. Другиот - не знам што да му правам ама ќе му најдам галиба мунасип...

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #1 on 09.04.2013, Tuesday, 23:16:39 »
не знам како звучат тие кинески звучници, но го респектирам В.Ф. и неговата посветеност, но не ја разбирам причината за неколкукратното менување на скретницата (во неколку броеви).

ДОКОЛКУ некој од Вас ја има последната шема за скретницата, би му бил благодарен да ја постави на форумот.

Шемата ја имаш на страницата на Емитер,со објаснувања зашто имало промени,ти земи ја последната:
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2142
За предзасилувач се мислам, бидејќи за ЛМ 3886/3875 извонредно е да се стави само Buffer (оној на Пеѓа Рогиќ) или од Данџен децибел.

Кои се овие бафери, може линк?

Целата конструкција за звучниците ќе биде ТЛ кутија, но дизајнот преземен од Sonus Faber Minima или  Sonus Faber Concertino Domus....

Овој ТЛ модел „ми е во глава“...


Ова све се мали кутии,не можеш такви да правиш со 8 инча бас,држи се ти до проектот од Емитер,само нашминкај го од надвор спрема Sonus Faber.

ама ќе му најдам галиба мунасип...

Што е ова?

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #2 on 09.04.2013, Tuesday, 23:33:35 »
галиба

Вид збор: Модален збор
веројатно, најверојатно
Англиски: probably Турски: galiba
Употреба: Разговорно
Примери:
И ти галиба си од нашите места?
Слично со: веројатно (прил.)

мунасип

Вид збор: Прилог
умесно, добро, згодно, правилно
Англиски: suitable Турски: münasip
Употреба: Архаизам
Примери:
Имотот го поделија како што најдоа мунасип старците.
Слично со: правилно (прил.) , згодно (прил.) , добро (прил.) , умесно (прил.)
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #3 on 10.04.2013, Wednesday, 00:01:14 »
Фала Toma,не сум чул за овие турцизми,не ми текна да ја прашам баба ми,сигурно ги знае.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #4 on 10.04.2013, Wednesday, 00:22:13 »
Пред да се каже било што,дали може уште некој податок за звучниците освен* сиво-бели* и *жолти*? Второ,дај слика или линк на звучниците.Да,имаше нешто во Емитер,ама кога ги слушнав направените вуфери,освен разлеан бас немаше ништо повеке! И лоша комбинација ке правиш= два баса + високотонци(кои???) + 12 бас (??) за вуфер .Значи,8-миците треба повеке на средни да ги пресечеш и секако високите да одат нагоре.Дали 8-миците тоа можат да си го дозволат или не? Тоа е најголемиот проблем.Ако нив ги оставиш да вадат и басови,заедно со вуферот ке имаш премногу басови.За ваква комбинација најдобра би била активна свртница + додаток филтер за сабвуфер.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #5 on 10.04.2013, Wednesday, 11:16:14 (Edited 10.04.2013, Wednesday, 11:18:13) »
Купени ми се два пара басови - 8 инчи (20 сантиметри, де - боја сиво-метална), високотонци два

И лоша комбинација ке правиш= два баса + високотонци(кои???)

Тек сега го видов ова,batka е у право,bumbar не можеш по два баса у една кутија у проектот од Емитер,за два баса треба дупло поголем волумен на кутија (иста висина).

Да,имаше нешто во Емитер,ама кога ги слушнав направените вуфери,освен разлеан бас немаше ништо повеке!

 ???  
batka, ти си едини у свет што си чул ТЛ кутија со разлеан бас,баш ТЛ кутија има чврст бас,провери го дампирањето и допуни го,нема шанси да добиеш разлеан бас од ТЛ кутија.

Пред да се каже било што,дали може уште некој податок за звучниците освен* сиво-бели* и *жолти*?

За ова batka има право,bumbar не можеш да ја користиш истата скретница од проектот од Емитер за сасвим други звучници,ќе мора сам да експериментираш.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #6 on 10.04.2013, Wednesday, 16:11:47 »
Па,Маки го слушнав оној проект од В.Ф. со ТСС звучници од Емитер и не бадијала човекот смени три свртници и на крај ништо не направи.Извини,ама овие звучници,не знам дали воопшто си ги слушнал во живо,се мнооогу *победни* од Симсоникот.Би рекол Симсоникот * се закон* за нив.И колку што знам ги повлекоа,ги нема баш никаде да се купат ( барем јас веке не сум видел и слушнал за нив).

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #7 on 10.04.2013, Wednesday, 16:19:33 »
Па,Маки го слушнав оној проект од В.Ф. со ТСС звучници од Емитер и не бадијала човекот смени три свртници и на крај ништо не направи.

Квалитет на басови нема везе со скретница,триста скретници да промениш ништо не правиш со тоа. Јас ти реков да го провериш и допуниш дампирањето у кутијата,тоа ќе го промени квалитетот на басовите,а не скретницата.
Симсоник и ТСС од 8 инчи се исти шкарт.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #8 on 10.04.2013, Wednesday, 16:26:51 »
ТЅЅ се поголем шкарт и затоа В.Ф. пробал проблемот да го реши менувајки ја свртницата ( што е исправно), ама сепак не би рекол дека постигнал голем напредок.И  јас ги немам кај мене  кутиите за да правам ре-дампирање, ниту со вакви звучници ни на крај памет не би правел ТЛ.Ама ,кој како си сака ,нека проба Бумбар.Сепак,овој пресек што го постира нема врска со проектот во Емитер,па затоа се ова отпаѓа.

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #9 on 10.04.2013, Wednesday, 17:15:25 (Edited 12.04.2013, Friday, 16:18:08) »
Ви благодарам на одговорите,

Штета што денеска не можев да ги фотографирам звучниците, (проблеми со децата) но ќе се обидам вечерва. Не се сеќавам дека имаат некаквов знак за модел и оти е напишано, колку се сеќавам, само „колку вати и колкава импеданса“....

Како што прочитав - очигледно е дека овие TSS  звучници звучат јадно, чемерно и упадливо глупо...

Да бидам искрен (во време кога е подобро да бидеш среќен отколку во право), сакав да бидат како овие Оpen Baffle na Gradient...

Code: [Select]
http://www.gradient.fi/Gradient/Helsinki_1.5.html
но ме подзамисли она дека ефтини звучници ќе дадат звук само во ТЛ кутии.

1 - Maki благодарам за линкот за скретницата...баферот на Пеѓа рогиќ ќе ти го пратам како порака.

2 - Тома - благодарам за објаснувањето за „помалите“ на форумот...

3 - Моделот (ако не е оној истиот како во линкот на Емитер, ќе го поставам утре ама мислам дека се истите)

4 - Кога размислував за ТЛ кутии како од Сонус фабер, не мислев и на нивната оригинална големина туку на моја определена големина која би била поголема - „литража“ колку и на проектот Транс-8 од списанието.

5 - „жолтата“ 12-ка би била т.н. сабвуфер во посебна кутија како припомош на двата „сателити“ составени од бас/среден плус високотонец...

6 - Мојата верзија беше со 18-саунд „голи“ басови плус високотонци, но подарокот ќе биде поскап од визијата и можни се појави на подмолно вегетаријанство кај мене на мои 43 години, што и не е баш некој избор...

7 – Батка, нема линк на интернет за TSS звучници, затоа и ги купив оти веќе имаа измерено карактеристики. Активна скретница (свртница) повлекува и повеќе пари (5 – засилувачи), но не сум сигурен за подобро, од она што го тврдиш дека  би го измениле звукот што може да го репродуцираат...

8 – Симсоник сум ги чул кога ме викаа да „слушнам“, но ако Симсоник звучат подобро од овие тогаш смислата на проектот паѓа во вода, освен нели, како во мојот случај – за подарок...

Сепак, ако звучат шкарт во ТЛ кутии некако се навраќам на варијантата за Градиент Хелсинки...

I need a drink, food and а quick decision…


Споено мислење: [time]10 Април 2013, 16:30:37[/time]
баферот



Втор бафер - Simple class A discrete buffer circuit:



Buffer Results:-

BFQ232's:- I found the buffer using only BFQ232's did not suit my system at all. The sound was full, rich and satisfyingly "dark" to be sure, but the music sounded unbearably slow, and there was a distinct loss of high frequency information. After trying to alter the (hardwired) circuit and running into problems with my experimental board, I subsequently rebuilt it on stripboard, with transistor sockets so that I could experiment at will. So far, my findings have been as follows:-
3 x BC550:- Bright, not very good.
3 x BC637:- A very solid, clear, well-balanced sound, but tended to be a bit plodding - a bit "wooden" and uninvolving.
3 x BC639:- Emphasised extremes, particularly treble. Lively, involving sound, but a bit tiring due to hissy and overblown treble and lack of midrange.
3 x BC549:- Didn't work properly. Created low hiss/hum.
Combinations:-

Some combinations worked fine, and some did not work at all in my circuit. I might have been able to get them going had I known what to fiddle with, but it was much easier to just try different transistors.
Some combinations that worked well for me:
Q1,Q2 - BFQ232, Q3 BC549. Pretty good.
Q1 BFQ232, Q2 BC639, Q3 BC549 - better - left it in for a couple of days.
Q1,Q2 BC639, Q3 BFQ232 - outstanding! Has the liveliness of the BC639's but the BFQ232 elevates it to another level of depth, clarity and resolution. I hadn't even thought to try this combination before, as I thought that Q3 must be nothing other than a constant current source/sink and couldn't have any influence on the sound. Well, whatever it is doing, it definitely DOES influence the sound.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #10 on 10.04.2013, Wednesday, 18:02:21 »
6.1. Сите екстерни линкови кои ги post-ирате во вашите коментари треба да бидат кодирани. Доколку не знаете како да кодирате линкови, разгледајте ги останатите теми од оваа подсекција на форумот. Линкови кои водат до останатите делови од форумот пожелно е (но не и задолжително) да се кодират.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #11 on 10.04.2013, Wednesday, 18:43:56 (Edited 10.04.2013, Wednesday, 19:07:49) »
ТЅЅ се поголем шкарт и затоа В.Ф. пробал проблемот да го реши менувајки ја свртницата ( што е исправно), ама сепак не би рекол дека постигнал голем напредок.

batka, пак ќе повторам,скретницата нема дејство на квалитетот на басовите,немаат везе со квалитет на басови,од кај го извади тоа?  ???
Квалитет на басови кај ТЛ кутија се мења со промена на густина на дампирањето.

Зашто имало промена на скретницата објаснето е у Емитер,читај што пишува:
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2142Кај првата скретница имало штампарска грешка у фазата на високотонецот,другата скретница има додаден калем за басот да ги утиша средните али пак имало штампарска грешка,последната скретница е вистинската и таа е дадена на сликата на линкот.Нема везе тоа со поправка на квалитет на басови,дај не измислувај.. Скретница за друго служи...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #12 on 10.04.2013, Wednesday, 19:05:07 »
batka, пак ќе повторам,скретницата нема дејство на квалитетот на басовите,прочитај некоја книга за што служат скретниците,немаат везе со квалитет на басови,од кај го извади тоа?  ???

Можно е да пробувал да го „штима“ звучникот. Можно е да дознал поради што се случува таа разлеаност на басовите (пример, определена резонанција на некоја фреквенција, тоа некако субјективно да влијае врз целокупната звучна слика или нешто трето), па да пробувал некако да ја анулира таа „разлеаност“. Кој знае.

А тоа дека пишувало дека е печатна грешка... не викам дека немало првиот пат, ама вториот пат ::)... малку веројатно е (барем според мене) да има два пати по ред печатна грешка (вториот пат би требало да бидеш екстра претпазлив, по некоја логика).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #13 on 10.04.2013, Wednesday, 19:15:35 (Edited 10.04.2013, Wednesday, 20:05:50) »
Како што прочитав - очигледно е дека овие TSS  звучници звучат јадно, чемерно и упадливо глупо...
Да бидам искрен (во време кога е подобро да бидеш среќен отколку во право), сакав да бидат како овие Оpen Baffle na Gradient...
но ме подзамисли она дека ефтини звучници ќе дадат звук само во ТЛ кутии.
3 - Моделот (ако не е оној истиот како во линкот на Емитер, ќе го поставам утре ама мислам дека се истите)
4 - Кога размислував за ТЛ кутии како од Сонус фабер, не мислев и на нивната оригинална големина туку на моја определена големина која би била поголема - „литража“ колку и на проектот Транс-8 од списанието.
7 – Батка, нема линк на интернет за TSS звучници, затоа и ги купив оти веќе имаа измерено карактеристики.
8 – Симсоник сум ги чул кога ме викаа да „слушнам“, но ако Симсоник звучат подобро од овие тогаш смислата на проектот паѓа во вода, освен нели, како во мојот случај – за подарок...
Сепак, ако звучат шкарт во ТЛ кутии некако се навраќам на варијантата за Градиент Хелсинки...
Шкарт звучници ќе звучат шкарт и во ТЛ кутија и во Open bafle и во све друго,исто ти се фаќа.
batka сам кажа порано продавал Симсоник,нормално дека ќе си ги фали своите Симсоник а ќе збори ТСС биле пошкарт.Баш сум споредувал Симсоник 8 инча со ТСС, исти шкарт се,нема разлика у квалитет на басови.
Ефтини звучници као нив добро ќе работат и во ТЛ кутија и во Open bafle.
Gradient Helsinki не е обичен Open bafle,среднотонецот е специјална конструкција,исто и скретницата,не се упуштај у тоа. Ако сакаш Open bafle онда на една обична вертикална плоча едниот бас 8 инча ќе ти биде среднотонец а за басови ти требаат паралелно споени 8+12 инча басовите на истата плоча.
Пак не ми е јасно,дали си ги купил истите звучници како од Емитер проектот или се други? Ако звучниците се други онда скретницата од Емитер нема да одговара.
Ако правиш ТЛ кутија, онда направи го истиот проект од Емитер,не е само волуменот на кутијата битен,уште поважна е дужината на трансмисионата линија,тешко ќе го упасуваш тоа у конструкција што ти е на пресекот на сликата.
Фала за линковите за баферите,ќе ги разгледам.

Споено мислење: [time]10 Април 2013, 18:35:24[/time]
batka, пак ќе повторам,скретницата нема дејство на квалитетот на басовите,прочитај некоја книга за што служат скретниците,немаат везе со квалитет на басови,од кај го извади тоа?  ???

Можно е да пробувал да го „штима“ звучникот. Можно е да дознал поради што се случува таа разлеаност на басовите (пример, определена резонанција на некоја фреквенција, тоа некако субјективно да влијае врз целокупната звучна слика или нешто трето), па да пробувал некако да ја анулира таа „разлеаност“. Кој знае.
А тоа дека пишувало дека е печатна грешка... не викам дека немало првиот пат, ама вториот пат ::)... малку веројатно е (барем според мене) да има два пати по ред печатна грешка (вториот пат би требало да бидеш екстра претпазлив, по некоја логика).

2-way скретница не може да поправи разлеаност на басови!
Види ја преносната карактеристика на скретница (филтер) и кажи како може тоа да влијае на разлеаност на басови?  Ако имало резонанција онда 2-way скретница може да ја угуши само ако резонацијата е у средни или високи фрекфенции,нема везе тоа со ниски резонантни фрекфенции и со разлеаност на басови.
За штампарските грешки у Емитер не сфаќам што сакаш да кажеш? Намерно ги правеле??

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
Одг: TSS звучници - самоградба
« Reply #14 on 10.04.2013, Wednesday, 19:57:49 (Edited 12.04.2013, Friday, 16:18:53) »
1 – Звучниците се истите од Емитер-проектот Транс-8. Затоа и сум ги купил деновиве пред години...
2 – Кога се мислев за Open bafle ми изгледаше интересен дизајнот на Хелсинки, но не прочитав ништо за посебната конструкција на среднотонецот и свртницата. Мислев само на – елегантниот дизајн.  
3 – Емитер-проектот е висока кутија...(околу 40 литри најверојатно, да проверам низ дома да го најдам 11/2003 бројот на списанието). Моите идеи беа:



----- Ефтини звучници као нив добро ќе работат и во ТЛ кутија и во Open bafle.------

Тогаш очигледно е дека како што тврдиш – ОБ е побрза, поелегантна и – дај тогаш да видиме како ќе звучат во ОБ кутија?
Штета што веќе велите, не се продавале во МКД. Тогаш проектот нема да има „одраз“ во оваа наша мала DIY заедница....