Мислам дека редно време беше да се претставам, јас сум Јане од Скопје, студент на ЕТФ (за мене сеуште е ЕТФ, не ФЕИТ
), апсловент веќе 2 години (не ради друго, туку зашто се занимавам со се и сешто поврзано со електроника, музика и компјутери уште од дете, а запоставувам се што е поврзано со теорија). Работев последниве година дена во една фирма за системски решенија (една од причините поради кои ми се пролонгира дипломирањето), таму стекнав доста солидни познавања од networking, VPN, DHCP и што уште не. Искрено, не ме интересираше многу работата, ама мораше да се прават пари (домашни финансиски проблеми, мада во денешно време, кој ги нема
).
Така да ако некој нешто го интересира од компјутерски мрежи, слободно нека ме праша, ако знам ќе му одговорам
.
Па, горе долу, тоа е тоа, свирам клавијатури, аматерски работам електронска музика... Не знам што друго да пишам, ако го интересира некој уште нешто, слободно нека си праша, хахахаха
.