Значи вака, ако засилувачите на нивните влезови имаат кондензатори за спрега (раздвојување од претходниот степен), нема потреба од кондензаторите од 1uF, доволно е само да ги врзеш паралелно влезовите на засилувачите и таа врска да се врзе за излезот од тонската контрола. Може ако сакаш, како што пиша, тонската контрола да ти биде само за еден од засилувачите, а другиот засилувач го врзуваш паралелно на влезот од тонската контрола, може и така
. Се додека има кондензатори за спрега на влезот на засилувачот, нема да има проблем
.
Ако целиот систем го користиш врзан за компјутер, најдобро е ако можеш да ја подесиш аудио картичката да работи во квадрофонија (на два излези да го пушта истиот сигнал, иако ова не е баш правилна дефиниција за квадрофонија, по правило, треба едниот од парот излези LR да задоцнува за нијанса зад другиот, но во софтверот за аудио картиците кај PC-ињата, најчесто ова е изведено како „препрати го истиот сигнал на еден од другите излези“), onboard аудио картиците на денешниве компјутери најчесто ја имаат таа опција (бидејќи onboard картиците им се најчесто 5.1 или 7.1, па имаат многу излези). Најдобро е ако секој од засилувачите (заедно со тонската контрола за едниот од засилувачите) да си има свој засебен влез за аудио сигналот. Е сега, ако го врзуваш сето ова за лаптоп или netbook, најверојатно нема да може аудио картичката да дава на излез два исти, но засебни сигнали, бидејќи лаптопите и netbook-овите најчесто имаат само еден headphones илез и еден mic влез, па во ваква ситуација, само врзи го паралелно влезот на тонската контрола и влезот на засилувачот за subwoofer-ите (претпоставувам дека стерео ќе ти биде изведбата за subwoofer-ите, а ако сакаш да биде моно, ќе ти треба уште еден доддатен филтерски степен и суматор на канали L+R), нема да има проблем
, се разбира, под услов да е точно она што претходно го пишав, на влезот на тонската контрола и на влезот на засилувачот за subwoofer-ите да има кондензатори за спрега.