барав еден чип SAA1057 и еден SN74LS73 ама вториот го немаа.
7473 e Ј-K Flip-Flop изработен во TTL техника, а не мора да го бараш само под тоа име, можеш да кажеш само 7473
. SN е ознаката за произвoдителот, во конкретниов случај тоа е ознаката на Texas Instruments
. Буквите во средина најчесто ја означуваат подфамилијата на TTL фамилијата на дигитални интегрирани кола. Во конкретниов случај ознаката означува Low Power Schottky, ако ознаката беше ALS ќе значеше Advanced Low Power Schottky, ако ознакта беше само S ќе значеше само Schottky (транзисторите и/или диодите во колото се изведени како Шоткиеви транзистори кои нудат поголема брзина на работа од обичните биполарни транзистори).