Author Topic: Шема за волтметар со 16F676  (Read 6615 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Шема за волтметар со 16F676
« Opened on 17.10.2009, Saturday, 21:42:35 (Edited 11.11.2009, Wednesday, 20:01:38) »
значи еве ја шемата за волтметар со пик, но има неколку грешки



од тука може да се симне firmware .hex кодот кој е потребен за програмирање на пикот
Code: [Select]
http://www.coolcircuit.com/project/meter/meter.zip
ако може некој да ги најде грешките и да ја едитира шемата како би била исправна ќе му бидам мн. благодарен
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #1 on 17.10.2009, Saturday, 23:19:26 (Edited 18.10.2009, Sunday, 03:07:07) »
Здраво, поправената шема е на подолната слика:

[float=left][/float]
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #2 on 26.10.2009, Monday, 10:52:40 »
Дали некој го има направено ова и дали може пик-от да се програмира со JDM (JDM2)?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #3 on 26.10.2009, Monday, 21:03:38 »
Не го имам направено (пробај) а за програмирање, да, тој PIC може да се програмира со JDM:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #4 on 27.10.2009, Tuesday, 13:10:37 (Edited 27.10.2009, Tuesday, 21:06:23) »
Јас го имам направено, работеше се правилно но поради некои помали грешки кој сега се поправени од страна на Борче не би требало д аима некој посериозен проблем, единствено нешто што не чинеше беше тоа што ми беше разместен распоредот на дисплеите. Во тек сум наново да го преправам, па ќе видиме како ќе биде, ако стигнам ќе ставам и слики
позз
 ;)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #5 on 28.10.2009, Wednesday, 12:03:44 (Edited 28.10.2009, Wednesday, 23:06:02) »
Денес одам да го барам пик-от, така да набрзо ке знаеме дали работи!

Post Merge: 28.10.2009, Wednesday, 23:06:02
Не работи, т.е. работи ама не како што треба - цело време на дисплејот се менуваат некои бројки без врска, ако се донесе некој напон за мерење на влезот ништо не се менува, исто и ако се спои влезот во куса врска ништо не се менува. Исто така, кога го програмирав пик-от, се испрограмира ама на verify “падна“ и даде verify failed at 0000...ако има ова нешто врска со претходното. Идеи некој?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #6 on 29.10.2009, Thursday, 04:18:29 »
Мора да го подесиш програматорот да испрограмира правилно, Verify не смее да падне, значи не е програмиран воопшто или не како што треба ако паѓа Verify.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #7 on 29.10.2009, Thursday, 09:24:24 (Edited 29.10.2009, Thursday, 16:38:26) »
Јас мислев дека со самото селектирање на одреден програматор (JDM) и пик од менито автоматски се местат сите потребни подесувања. Како да го подесам во конкретниот случај?

Post Merge: 29.10.2009, Thursday, 16:38:26
Еве само што го програмирав повторно со WinPIC (првиот пат беше со IC-Prog) и се програмира и верифицира без проблем, ама пак исто (не)работи. После уште еднаш ке ја проверам плочката да не има негде утка. Исто така заборавив претходно да спомнам, дисплеите се директно врзани за пик-от (без транзисторите) пошто се повеќе од доволно сјајни и вака.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #8 on 29.10.2009, Thursday, 20:23:52 »
мене никогаш не ми паѓаше на верифај, секогаш се програмираше како што треба, и покажуваше точна вредност но ми беа разместени дисплеите
на пр. ако беше 12V мене ми покажуваше 21.7V , е сега треба да ги преправам наново дисплеите точно да покажува, а инаку со поместување на напонот се менуваше и состојбата но на погрешната цифра :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #9 on 30.10.2009, Friday, 01:26:19 »
Devil, кажи му како да ги селектира опциите за пикот (тоа MCLR, OSC и другите работи).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #10 on 30.10.2009, Friday, 18:07:32 »
Пошто јас програмирам со WinPIC можам да му објаснам како оди тоа, како да ги постави, но ако сакаш можам да видам и за IC-Prog пошто и со него но ретко работам

Откако ќе ја стартоваш прогрмата WinPIC одиш
Interface ( горе десно ) кликаш тука подолу има едно паѓачко мене Interface Type
от тука селектираш со каков тип на програмтор ќе работиш
ако работиш со JDM одбираш JDM (2) for serial port
јас на пр. работам со Tait, 7407(driver)+ PNP transistor
исто така имам рааботено на истата програма и со JDM и не ми се појавила никаква грешка

следно што треба да се направи е да се избери типот на микроконтролер
кој треба да се програмира ( во случајот 16F676 )
се клика на менито Device, Config ( 3 броено од лево на десно )
одма подолу има паѓачко мени Part:
од тука се избира мцу-то кое сакаш да го програмираш, со самото избирање на некој од овие типови програмата сама си се мести онака како што е потребно за програмирање.

После ова, откако е се наместено се притиска на копчето File од лентата горе
се селектира наредбата Load, или пак од таа лентата подолу се клика на папката и ти се отвара прозорче да си избереш каде е .hex фајлот кој треба да се внеси, го селектираш кликаш Open , после ова одиш горе во лентата каде што пишува Device ( најгоре на средина ) од тука избираш наредбата Erase, ќе почекаш малку додека да се избрише за да се осигураш дека се е како што треба дек анема нешто внатре и така. После одкако се ќе заврши кликаш на тоа чипчето што е со црвена стрелка ( покрај папката се наоѓа ) Program Device со ова ќе го испрограмираш кодот во мцу-то.

Поврзување на програматор со компјутер..
Пред да почнеш со стартовање и нагодување на прогрмата со која што ќе програмираш прво се приклучува програматорот и тоа на следен начин:
1. Ако е со надворешно напојување, прво се става напојувањето ( се приклучува ), добро би било ако се може и да се измери напонот на соодветните точки дали е таман, да не има после несакани последици.
2. Второ нешто што се прави е поврзување на програматорот со компјутерот, се проверува на кој влез точно треба да се поврзи ( сериски, паралелен порт ).
3. Откако се ќе биди правилно поврзано се внесува Пикот во соодветното лежиште кое е наменето за него, НАЈВАЖНО е да се внимава на поврзувањето да не го ставиш обратно микроконтролерот па да ти се појават не пожелни работи, или пак да изгори.
4. После сите чекори и поврзувања време е да се стартова програмата со која ќе се програмира и да се нагодат инструкциите ... погоре ти објаснав како е.

Ако нешто не ти е јасно слободно прашај ;)

п.с. Внимавај на изводите од пикот, ако незнаеш која нога за што е или незнаеш како да го ставиш на програматорот кажи слободно
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #11 on 31.10.2009, Saturday, 12:10:28 »
Devil,
првиот пат со IC-Prog не се верифицира, ама вториот пат со WINPic беше ок, ја направив целата постапка, не даде никаква грешка, ама пак исто се понашаат дисплеите, цело време некои броеви без врска се менуваат, со или без сигнал. Ќе пробам уште еднаш да го програмирам со Tait, 7407(driver)+ PNP transistor и ако и вака помине без проблем, ќе заклучам дека пик-от си е ок програмиран и грешката е на друго место. Пошто работам на protoboard може да сум утнал нешто во поврзувањето, не сум седнал да проверам убаво (на работа сме турбо овој период!).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #12 on 31.10.2009, Saturday, 16:26:57 »
ако имаше проблем со пикот ( да е изгорен или оштетен) како мене што ми се случи, би требало само 1 нула да ти се појави на еден дисплеј а другите да се исклучени, вака бар мене ми направи

Tait, 7407(driver)+ PNP transistor --- овај е програматорот, моделот на програматорот и можам да ти кажам дека до сега сум немал никаков проблем при програмирање, се напојува надворешно
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #13 on 31.10.2009, Saturday, 23:53:33 »
Пробај исто така и пин 4 од пикот да го поврзеш на маса да видиш што ќе прави и пиши.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Шема за волтметар со ПИК
« Reply #14 on 01.11.2009, Sunday, 10:37:08 »
Конечно проработи ;D!


Се испостави дека пинот 3 не сум го поврзал со влезот ::), после ова доби нули на дисплејот, ама кога ке донесев напон за мерење некои од сегментите беа измешани. Излезе дека мора да се стават транзисторите за дисплеите заради поврзувањето на децималната точка, која ги мешаше некои од сегментите (кај мене беа директно поврзани без транзистори пошто истите дисплеи ги имам досега користено со други пик-ови и знам дека сјајот е добар и така). После ова проработе без грешка, освен што дисплеите беа превише темни па ги намалив базните отпорници на транзисторита и сега е супер! Се на се добар проект и иако излегува попросто и малку поевтино отколку да се користи ICL7107, мислам дека ја нема неговата флексибилност, пред се поради неможноста да мери ампери (кај ICL7107 направи ја 200mV верзија + шант и имаш инстант амперметар).
Фала на сите за помошта и поддршката да го истераме овој проект до крај!!!
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio