Значи дефинитивно со ’’еластични мембрани’’ е поизводливо, исто и за огледалата може да се направат од повеќе мали огледалца. За автоматското следење на сонцето другар вели може да го изведе со 2 моторчиња од сателитска или евентуално едно, со тоа што ќе пресмета движењето на сонцето во текот на денот, ќе ја одреди линијата и со одреден тајмер кој ќе го вклучува моторчето ќе ја ротира чинијата. Секако движењето на сонцето не е исто во текот на целата година но не мора да е идеално насочено, ко сателитска, ќе има одредена дозволена толеранција.
Забораваш дека и аголот под кој светлината паѓа на земјата се менува во текот на годината бидејќи оската на ротација на земјата не е буквално нормална на рамнината во која патува околу сонцето, така да, ако планираш системот за следење на сонцето да го правиш со моторчиња од сателитска антена, ќе мораш да го изведуваш со две моторчиња (едно за вертикална корекција и едно за хоризонтална корекција). Но дури да го направиш ова, овој систем ќе биде прилично мал, голем колку една поголема сателитска антена и не смее да биде многу потежок од една сателитска антена, бидејќи моторчињата нема да може да ја придвижуваат таа тежина (не се наменети за многу поголеми тежини од тежината на сателитската антена за која биле наменети), а системот сигурно ќе биде потежок од тоа. Евентуално може да пробаш да ги смениш моторчињата со некои помоќни, ама па тие ќе трошат и повеќе струја, така да, и ова не знам колку е изводливо... можно е голем процент од произведената струја да ја трошиш на нивно придвижување
. Добро, ова може и да не е баш вака, нема да мора да ја движат антената прилично брзо, така да, може и да грешам за ова
. Проблем ќе ти биде и системот за следење на сонцето. Мислам дека е попрактично да се изведе систем кој преку feedback (на пример, IR камера) ќе ја следи позицијата на сонцето, отколку да се внесуваат координатите на движење на сонцето за секој ден во текот на годината. И во двата случаи ќе имаш проблем. Во првиот случај, со feedback, ќе имаш проблем ако денот е облачен, тогаш системот нема да има feedback. Ќе мора да се направи додатен failsafe и системот да „нагаѓа“ каде би требало да биде сонцето, ако нема feedback. Во другиот случај, без feedback, изведбата ќе биде поедноставна (нема да ти треба IR камера), но од друга страна, ќе треба да ја знаеш точната локација на сонцето на небото во текот на една година, како и поместувањата од оваа „регуларност“ (годината не трае точно 365 дена, трае 365 дена и 6 часа, има и нешто ситно плус или минус, но оваа корекција се прави еднаш на 1000 години, така барем мислам дека беше
). И тоа ќе важи само за онаа позиција во која ќе ја поставиш антената и нитуедна друга :S. Ова нема да биде толку тешко да се изведе ако се има на располагање цел тим на инженери и сите потребни информации околу движењето на сонцето. Во секоја друга ситуација, ова ќе трае предолго :S. Додека се направи системот, додека се оспособи, додека се испитаат сите можни проблеми кои може да настанат :S... мислам дека е неисплатливо :S.
Ме интерсира да, и има доста интересни идеи и на линков, само да пишеше некој ’’паталец’’ во врска со добивање ел. енергија не ќе беше лошо... или можеби лоша е идеата у старт дека може уопште да се добие енергија во домашни услови секако никој не бара 3kW снага (ко што некои сватија), тоа беше инфо од сајтот, може и неколку пати помалку... Сума сумарум не е едноставно...останува да видеме на Девил скиците што ќе кажат ...
Мене лично ако ме прашуваш, да, имам размислувано на ова поле, но не за домашно производство на електрична енергија, повеќе во насока на погонување на моторни возила (веќе и плинот и бензинот се скапи, а ако се одобри користење на метан во моторни возила, што „као демек“ ќе одобреле, и метанот ќе поскапи, ако ви текнува, плинот наеднаш поскапе кога државата одбри користење на плин во моторни возила, односно кога одобри атест на возила со монтирани плински уреди, претходно, плинот беше скоро џабе, не ми текнува точно колку беше, ама нешто ситно беше, 10 или 12 денари од литар, може и да грешам не знам). Конкретно, имам размислувано во насока на магнетни мотори (едно од првите поглавја е ова во книгата што ја post-ирав). Магнети може од скоро се да извадиш, од HDD-иња, од звучници, од што се не. Дури може и дел од моторите кои се спомнати во книгата да се модифицираат да прифаќаат „стандардни форми“ на магнети (магнети кои, на пример, се вадени од звучници). Набавката на мегнети може да биде прилично проста (даваш оглас во кој наведуваш дека купуваш магенти од стари звучници или во некоја локална депонија го замолуваш сопственикот да ти чува звучници, се разбира, за нив ќе му платиш, ама далеку од прескапо ќе биде ова
). И колку што разбрав од книгата, да и тие се трошат (се демагнетизираат), ама им треба многу време за да се демагнетизираат
. Баш имаше еден експеримент спомнато во книгата, некој од дизајнерите на некои од магнетните мотори (има многу различни дизајни, некои се поедноставни, некои се покомплицирани) имал направено тест, колку време ќе врти моторот со едни магнети. Моторот не ја намалил силата и брзината со која вртел дури ни по една година континуирана работа
(така барем пишуваше во книгата, колку е вистина, не знам треба да се проба
). Потоа, му се смачило на авторот да чека и сам го запрел (го размонтирал
). Е сега, сметај дека овој мотор работел во празен од, така да, ова време сигурно би било значително помало ако треба да врти (на пример) преносен систем од автомобил
. Но сепак, не верувам дека ова време ќе биде помало од неколку месеци, што сепак, мора да признаеме дека е прилично долго време
.
Во секој случај, мислам дека овој систем има некоја иднина, барем до некаде... како и да е, мислам дека треба да се проба
.