Разгледав кој е принципот на работа на овој Solar Stirling Engine. Работи на база на адијабатски процес (загревање и ладење на гасови
... опа, се вративме во времето на парните машини, хахахаха
). Не ти треба неограничено количество на гас или течност (на пример, вода), ти треба доволно колку да ги исполниш цилиндрите
. Проблем е наоѓање на материјали за изработка на овие машини. Колекторите и насочувачите на светлината во една точка (за загревање на гасот или течноста) не се проблем, ќе се направат од огледала. Проблем е изнаоѓање на цилиндри, клипови и пистони (кај нас мислам дека се попознати како карики) кои нема да пропуштаат течност или гас. Имаше спомнато на еден од сајтовите дека може да се користат и „еластични мембрани“ место клипови, цилиндри и пистони. Е ова, мислам дека е веќе изводливо и може да се направи во домашни услови
. Ова со клиповите, цилиндрите... не верувам дека некој ќе направи вакво нешто во домашни услови :S.
Инаку, еве една слика, го објаснува прнципот на работа
.
Гасот се загрева преку црвените контакти, а всушност сонцето го грее
. Како што пишав, нема некоја филозофија, прост адијабатски процес
.
Не знам зошто, но секогаш даваат некои "fancy" имиња на некои вакви „као демек нови технологии“
, изгледа за да сватат што е можно помалку луѓе како всушност работи ова чудо
. Solar Stirling Engine
... пффффф
... не мора да се грее гасот или течноста преку сонцето, може било што да го грее, може и преку геотермална енергија да се грее
. Као некоја тешка филозофија да е да загрееш гас или течност
, па сега мора fancy име да му дадеме
.