Ти треба добар штампач, што ќе печати квалитетни слики, оваа харијава прозирна што е не знам какао се викаше, фото спреј ув извор(живина сијалица, ув неонки диоди... ) и сода каустик(за сапуни, ја има во земјоделски аптеки). Прво се печати колото на хартијата, која по печатењето се фиксира(се лепи со салотејп) на плочата и се става на зречење блиску до ув изворот така да зракот паѓа под 90 степени. Поради дисперзијата, подобро е печатењето да биде "miror size" односно како во огледало, па хартијата се става така да тонерот е во допир со бакарниот слој од плочката. Исто така хатријата треба да е добро налегната на плочката. Најдобро решение е плексиглас(така мислам се викаше прозирна пластика, слична на стакло), но може да се исечи и рамна поврчина од опаковка за сладолед колачи или слично(знаеш на што мислам... ). Под рамната површина се поставува изворот на светлина(згодно е да се направи како кутија) а над површината се става листот со колото, така да на површината допира на неиспечатената површина, за испечатената површина да дојде што е можно поблиску до бакарниот слој поради дифркција и дисперзија. Одкако е поставена плочката со бакарниот слој на долу, т.е. кон изворот на ув, добро е да се страви некој товар што ќе ја прилепи кон хартијата. Фото спрејот треба да се нанеси "во еден здив", односно во еден потег, почнувајќи од средината па со кружни движења кон надворешноста на плочката, рамномерно, без додатнии префарбувања, препрскуњање, прекини во прскањето или слично. треба некое време да се подзасуши. треба малце пракса во нанесувањето на лак. Дифракцијата и дисперзијата од ув изворот мора да биде рамномерна, па се користат леќи(слични на фарови од ауто), но ако се добрто распоредени сијалиците не мора.. Затоа изворот е составен од повече помали извори, на пример од 50 лед ув диоди, од 7-8 неонки и сл. Живините сијалици се добри од аспект што се доста интензивни(доволно интензивни да ако постоиш пола саат во нивна близина да ти се испече кожата или да сонуваш соѕвездија цела вечер...) но светлината ја даваат од мала површина, па е доста концентрирана, треба да правич сочила од огледала, а ако ставиш 10-тина ампули ќе имаш проблем со топлината. Диодите се доста добри со тоа што може да се одреди точна распределба на елементите и точна оддалеченост од објектот што се осветлува(плочката) за светлината да биде рамномерно распределена бидејќи од дата шитот може да се види аголот на зрачење на диодата. Исто така и не ослободуваат значитена топлина. претежно диодите се најдобро решение. За неонките немам читано, па ќе ги изоставам во мојв коментар. Во зависност од интензитетот на светлината, објектот(плочката) треба да се зрачи одредено време(1-5 саати за зивини сијалици 10-24 саати со диоди) за фото спрејот да се разгради. По зрачењето фото спрејот се одстранува во раствор на каустична сода (не го знам точниот сооднос, но по мое 1:10-1:20) по што плочката се плакне и се става во раствор од хидроген хлорид(hcl, клозетска киселина), вода(h2o по можност дестилирана, ама и "чешмоваќа" брка работа), и 6% хидроген(чист медицински, не со бланш или други додатоци) (1:2:1).
http://en.wikipedia.org/wiki/Hydrochloric_acid
http://www.epa.gov/ttnatw01/hlthef/hydrochl.html
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC_%D1%85%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%B4
Не дека не знаеш, само се осеќам должен да напоменам дека гореспоменатите хемикалии може СЕРИОЗНО ДА ГО НАРУШАТ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ ИЛИ ДА НАНЕСАТ СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ НА СРЕДИНАТА, па ако се одлеваат во околината треба да се разредат најмалку со 1:10 вода, а каустичната сода се неутрализира со киселината и хидрогенот, па може да си измешаш, но е малу ризично поради испаривањата, најдобро е да ги туриш во вц шоља едно по едно со неколку кратно пуштање вода. Мој предлог за кутијата за осветлување на сликата што следи во прилог