Еве што најдов на Wikipedia за RC Snubbers
. Како што претпоставував, тоа е обична високонапонска RC филтерска мрежа
. Вакви филтерски мрежи често може да се најдат во уреди кои имаат мотори, како што се миксери, правосмукалки, итн.
http://en.wikipedia.org/wiki/Snubber
A simple snubber uses a small resistor (R) in series with a small capacitor (C). This combination can be used to suppress the rapid rise in voltage across a thyristor, preventing the erroneous turn-on of the thyristor; it does this by limiting the rate of rise in voltage (dV/dt) across the thyristor to a value which will not trigger it. An appropriately-designed RC snubber can be used with either DC or AC loads. This sort of snubber is commonly used with inductive loads such as electric motors. The voltage across a capacitor cannot change instantaneously, so a decreasing transient current will flow through it for a small fraction of a second, allowing the voltage across the switch to increase more slowly when the switch is opened. Determination of voltage rating can be difficult owing to the nature of transient waveforms, and may be defined simply by the power rating the snubber components and the application. RC snubbers can be made discretely and are also built as a single component.
Како што пишав, најчесто се користат за сузбивање на искрите кои се јавуваат кај моторите, кои се претежно индуктивни потрошувачи, но истовремено имаат за цел и да го корегираат fi (аголот меѓу струјата и напонот) за да може моќноста да биде поефикасно искористена
. Има и едни други филтри (најчесто се само капацитивни) кои не дозволуваат враќање на високофреквентен шум, кој се јавува од движењето на моторот, кон напојувачката мрежа.
Како и да е, претпоставувам дека се смета дека греачите се пред се индуктивни елементи (се мотаат во круг, U форма, двојна U форма, итн.), така да, исто како и кај моторите, оправдано е ако се стави ваков пригушувач (Snubber) во мрежата паралелно на греачот. Ако важат „стандардните“ равенки за RC и RLC филтри, би требало да важи следното правило: колку е поголема капацитивноста, толку е поголемо пригушувањето (максималната фреквенција на филтерот се спушта, што е всушност и целта на овие пригушувачи), така да, лакот (искрата) која ќе се јави (ако воопшто се јави) ќе биде помала со кондензатор со поголема капацитивност. Пробај со некој пригушувач со прилично голема вредност, на пример 1uF. Ако не се јавува лакот, проблемот е решен
. Ако пак се јавува лакот, најверојатно ќе треба да ја зголемиш капацитивноста.
Само ќе наведам дека не сум експерт за висок напон, така да, ова што го пишувам не знам дали е апсолутно точно.
Во малопродажба, како готови компоненти (инаку, може и сам да си направиш), најверојатно ќе треба да ги бараш како „RC филтри за мотори“, бидејќи претпоставувам дека (барем кај нас), најчесто се користат за таа намена.
EDIT: Еве најдов уште нешто online (закачено е како attachment). Мислам дека текстот е од систем за контрола на бојлер, така да, ова би требало да одговара
.
Connect the other end of the output cable to the Boiler Manager terminals marked ‘COM’ and ‘ON’, passing the cable through the right-hand hole in the back box (see Figure 1). Maximum switching load is 5A resistive (2A inductive). The output has a 100ohm/100nF RC snubber suitable for most loads, but additional contact suppression may be necessary with highly inductive loads.