Порано имаше таква тема -*Кој на што слуша музика*,ако некој мисли да треба- изволте отворете ја пак!Ти си со години мал,ама јас го фатив делот кога беа ламбите се во техниката.Ама времето помина и верувај еден 3886 е полесен и поевтин за правење ( за почетник) и нема промашување -успешно е! Проблем кај ламбите постои,од набавка,квалитет,трансформатори,метална шасија,оклопување,висок напон...Сега веке со мос-фетовите може добро да се симулира лампашки звук.Сепак ,како што реков,секој си има вкус.На крај,појачувачот е последна и најдебела алка во синџирот на звукот.Значи,најмалку е критичен- најкритични се звучните кутии.Многу одамна во Емитер имаше еден напис дека може со едноставно додавање на отпор на излезот на појачувачот да се имитира секој појачувач,односно да се изедначи звукот,па да не знаеш кој појачувач работи.Има вистина во тоа.И трета работа- за да се добие *висок сјај* со ламба треба мнооогу повеке отколку со транзистори.И висока верност со ламби не оди со мотани трансформатори.... но, селави!Секој има право на свое мислење.