Џабе се смееш,еден од најпознатите Hi-Fi брендови у свет Conrad Johnson сите свои претпојачала ги прави со инвертиран излез.Има и други светски брендови,да не ги барам,инвертиран излаз е честа појава кај high end претпојачала и појачала.
Можеби има, јас немам сретнато. А еве, дури и да има, како што пиша ти (не сум отворил засилувачи од Conrad Johnson), повеќето фирми не работат на тој начин.
Дури и да е светски стандар инвертирање на сигнал, јас лично сметам дека тоа не е исправно.
Инвертиран излез од претпојачало не е проблем,само заврти ги фазите на конекторот на звучниците и пак имаш коректна фаза ако ти е тоа баш толку битно у животот.
И што добиваш? GND од предзасилувачот врзано си Signal In на засилувачот, а Signal Out од предзасилувачот е врзано со GND од засилувачот
. Играчки
. Ќе работи и така, ама заедичка маса за сите уреди во ланецот на пренос на звук е многу важна работа, пред се поради елиминирање на брум и други несакани електромагнетни пречки. А не вака, засилувачот има Signal Level GND, предзасилувачот има „нормален“ GND
. А што правиме ако засилувачот и предзасилувачот имаат шуко приклучоци и GND е врзано за шасијата и за земја? Е тогаш нема да имаш никаков сигнал на излез од засилувачот (или многу слаб) бидејќи со инвертирање на фазите, всушност го врзуваш излезот од предзасилувачот за земја и цел сигнал оди према земја, а бидејќи и двете земји се врзани една за друга, всушност правиш краток спој на излезот од предзасилувачот
.
Ова претпојачало е супер Hi-Fi,нема везе тоа со гитарски претпојачала.
Јас само пишав каде најчесто се користи оваа врска, кај засилувачи за гитари (можеби и за бас-гитари, не знам, немам отворено засилувачи за бас гитари со елктронски цевки, а и било какви засилувачи за бас гитари), значи, во принцип, на места каде и не е многу важна фазата на сигналот (места каде што до израз доаѓаат средните и високите, не и ниските фреквенции). А дали засилувачот е Hi-Fi или не... изгледа само ти можеш да дадеш оценка врз база на гледање на шемата
. Јас, како и секој друг (претпоставувам), треба да чујам за да може да оценам
. Да, вака шемата изгледа ОК, и да не беше инвертирањето на фазата, и јас би претпоставил дека „би требало да звучи добро“, но во никој случај нема да дадам дефинитивна одлука „ова супер Hi-Fi предзасилувач“ без претходно да го чујам
.
EDIT: Исто така, да се надоврзам на сликата која ја имам post-ирано неколку post-а наназад. И обележувањето за излезниот сигнал на сликата е грешно. Всушност, не треба да биде Out+, туку Out-.