Да, оваа шема е подобра, ама дали ќе одговара за 6N23P, не знам.
Инаку, не ми е јасно што улога има долната триода на шемата. Решетката нема никаква функција кај таа триода (ако сметам дека триодата има бесконечна отпорност према катодата, следува дека решетката е на ист потенцијал како и катодата). Работи само како динамичка отпорност (врз база на напонот меѓу анодата и катодата, се менува внатрешната анодна отпорност).
Не знам, некако сомнителна ми е шемава. Ќе работи, ама некако ми изгледа како да е за џабе потрошена една триода. Можно е да е поставена за да може да се користи симетричен напон (за да нема на излезот од катодата на горната триода многу висок напон, со што се намалува ризикот од електричен удар, ама па овој ризик е прилично мал и може многукратно да се намали во случај ако се користи mono rail напон за напојување на колото, само со зголемување на максималниот работен напон на кондензаторот од 4.7uF, на пример, да има максимален работен напон од 300V или некоја поголема вредност
).
Исто така, треба да се пресмета која е излезната отпорност на предзасилувачот. Би требало да биде под 2K или 3K. Инаку, работната права на горната триода може значително да се промени врз база на влезната отпорност на наредниот степен (во превод, со различни засилувачи може различно да звучи овој предзасилувач).