Стандарден катоден предзасилувач, со таа разлика што напојувањето е изведено симетрично. Може да биде и single rail, нема да има проблем. Излезниот кондензатор од 1uF може да го смениш со поголем, на пример, 4.7uF. Мислам дека напонот за напојување му е пренизок, јас би одел со напон од минимум 100V. Но, од друга страна, не сум прочитал datasheet на 6N3, така да, може и да грешам. Мислам дека и излезната отпорност на катодниов засилувач е малку превисока. Можно е да добиеш малку „пообоен“ звук ако го намалиш отпорникот од 3.7K на некоја помала вредност (на пример, 2.2K), но треба да се види дали може поголемата јачина на струја да ја издржи цевката (која е и е максимално дозволената јачина на струја низ неа) и врз база на тоа, да се одреди некоја пониска вредност. Со ова би се намалила и излезната отпорност на засилувачот, со што помалку би влијаела влезната отпорност на нареднот степен врз излезната отпорност на бафер засилувачот. Во совршен случај, бафер засилувач треба да има бесконечна влезна отпорност и 0ohm-и излезна отпорност
. Но, ова не може да се постигне, па поради тоа, се гледа колку што може да е помала излезната отпорност на бафер засилувачот (влезната е доволно голема, па и практично може да се смета дека е бескрај
). Влезниот потенциометар од 100K можеш да го елиминираш од колото ако планираш да го врзуваш овој предзасилувач меѓу засилувач со тонска контрола (како што имаат повеќето) и извор на звук. Засилувањето му е помало од 1, така да, ќе осетиш малку послаб звук во однос на ситуацијата кога не е приклучен овој предзасилувач. За да можеш да добиеш засилување еднакво на 1 или поголемо од 1, ќе треба да има уште еден предзасилувачки степен, а како сакаш да биде изведен овој степен, тоа е веќе твој избор (транзисторски, со операциски засилувачи, со цевки...).
И сеуште не ми е јасно зошто е потребен тој напон од 2 X 3.15V/0.5A од трансформаторот
?