Author Topic: Мерење на ротор  (Read 1062 times)

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Мерење на ротор
« Opened on 07.03.2013, Thursday, 09:02:53 »
Здраво. Отворив една правосмукалка и четкиците беа изгорени , сега не знам дали да ставам нови.
Колекторот беше малку исцрнет, го исчистив и ги мерев ламелите накрсно , некои беа 9.2 оми , не една  покажа 29 оми, на други 5.7оми. Дали е во ред вака да биде? Нема некои оштетувања видливи по кои може да се препознае дека е изгорен. Ако местото на темава не и е овде преместете ја.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5286
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Мерење на ротор
« Reply #1 on 07.03.2013, Thursday, 14:30:24 (Edited 07.03.2013, Thursday, 15:41:49) »
стави нови колку да пробаш што се случува да видиш како ќе работи машината ако не чини во секој момент можеш да го отвориш пак моторот :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12055
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Мерење на ротор
« Reply #2 on 07.03.2013, Thursday, 15:43:34 »
Ако е делумно прегорен, можеш само да го догориш, ама па тоа нема да прави разлика, винклери премотуваат цел ротор без разлика дали е изгорена една намотка или сите. Така да, Пробај го со други четкици, нема да ти направи некоја разлика дали ќе биде целосно или делумно изгорен ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Одг: Мерење на ротор
« Reply #3 on 07.03.2013, Thursday, 17:06:09 (Edited 07.03.2013, Thursday, 17:49:27) »
Пробав, ставив други четкици и почна да работи како мотор со променлива брзина, забрзуваше и намалуваше по своја воља, имаше и еден реостат за промена на брзината, го пуштив на максимум и почна околу котвата да врти цела струја во круг, вероватно е изгорен.

Дали може да се случи, поради ненавремено заменување на четкиците т.е истрошеност,  да дојде до прегорување на некоја од намотките во роторот?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12055
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Мерење на ротор
« Reply #4 on 07.03.2013, Thursday, 17:51:05 (Edited 07.03.2013, Thursday, 18:02:45) »
Пробав, ставив други четкици и почна да работи како мотор со променлива брзина, забрзуваше и намалуваше по своја воља, имаше и еден реостат за промена на брзината, го пуштив на максимум и почна околу котвата да врти цела струја во круг, вероватно е изгорен.

Можно е да имаш ставено премеки четкици. Не мора да значи дека е изгорен. Пробај со потврди четкици. Притоа, елиминирај го реостатот за промена на брзината од колото и види дали така ќе се менува брзината на ротирање на моторот (можно е реостатот да не функционира како што треба, па да се јавува тоа осцилирање во брзината на моторот).

Дали може да се случи, поради ненавремено заменување на четкиците т.е истрошеност,  да дојде до прегорување на некоја од намотките во роторот?

Можно е, но малку веројатно. Ако гори, најчесто гори цел ротор (или најголем дел од половите на роторот), ретко се случува да се изгорени само еден или два полови.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Dragan Stoilovski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Одг: Мерење на ротор
« Reply #5 on 07.03.2013, Thursday, 21:42:05 »
Кога вртиш роторот за по една четкица(една ламела од колекторот на роторот) отпорот треба да биде ист доколку не е ист може да биде изгорена и една секција това е дел од намотки на еден пол тогаш доваѓа до големо искрење меѓу колекторот и четкиците и во скоро време се очекува крај на моторот. Доколку има големо искрење меѓу колекторот и четкиците појди на циганско пазарче и ќе најдеш нов мотор за 200-300 ден. Јас во гоце студентскиот рентав правосмукалка и од 500 ден што ја платив искарав околу 25 000ден чисти пари.

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Одг: Мерење на ротор
« Reply #6 on 08.03.2013, Friday, 09:19:12 »
Да да , кога беше на помала брзина работеше потивко и со прекини, кога ја зголемив брзината почна побрзо и се слушаше дури силен звук на шумење и искрење на колекторот.