Денеска што туку ми втасаа транзисотрите Т50028 и T50029 ги заменив и си работи тв-то до сега нема исклучено, наверојатно зафркаваше некој од нив. Мислејќи дека се изгубија верикалните запци кога го пуштив тв-то пак се појавија но со помал интензитет пошто заменив неколку електролити во feature box. Зедов фен и добро го загреав Feature Box и го вратив на плоча, кога го пуштив тв-то сликата да речам дека беше стакло ги снема запците, но како се ладеше плочката Feature Box која претходно ја загреав пак се вракаа вертикалните запци. Прашањето ми е дали има уште некој зафркант електролит или ладен лем да е на Feature Box. Заборавив да напоменам дека мерено со еср метар кажуваат солидна вредност.