Вака баш сега ја разгледав убаво плочката Reset води до 4-ти пин на Atmega32L , 0V води до пин 5 VCC а -5V води до пин 6 GND.
Се работи за Atmega32L.
Тогаш погрешно се означени на плочката напоните... или производителот ги обележал према правилата на „негативна логика“ (0V = +5V, GND = -5V).
Исто така, изгледа куќиштето не е PDIP како што е дадено на сликата од мојот претходен post (требаше и ова да го наведеш, да знаеме во какво куќиште е спакуван микроконтролерот, различни куќишта често значат и различен распоред на пинови). Во SMD куќиште е, како на оваа слика?
Ако микроконтролерот е во куќиште како на сликата, да, правилно го имаш опишано распоредот на пиновите и треба да ги преспоиш пиновите 6 и 4 (Reset и -5V, колку што разбрав).
GigaWatt имам и друго прашање околу ресетирањето. Колку време треба да биди споено Reset со Gnd или нема врска тоа.
Кога е микроконтролерот под напон (кога работи), краткотрајно преспои ги адекватните пинови. Секунда или две е доволно
. Некогаш, потребно е подолго време, зависи од микроконтролер до микроконтролер, но ако не се ресетира со преспојување за секунда или две, подолго време држи ги преспоени (не би требало да биде повеќе од 15 секунди). Исто така, оваа процедура не може да го расипе микроконтролерот, но истиот е закочен за време на преспојувањето (не работи), така да, не очекувај да работи за време на процедурата на ресетирање. Можно е и некои LED диоди да трепнат еднаш, два пати, три пати (зависи), што индицира дека микроконтролерот е ресетиран.