зошто некои изрази кои имаат македонски превод да ги пишуваме на англиски/германски
македонскиот превод бил смешен(?!), како да не, македонскиот превод е толку смешен колку што е и англискиот/германскиот превод смешен.
Гугл не е најверодостоен извор за правописот, за да би дознале што е што ни треба речник со стручна терминологија
Ова сеуште е македонски форум, не е англиски, не е србски/хрватски/босански/бугарски
Членовите од други јазични поддрачја се добредојдени, нема да имаат никаков проблем и нема ни да бида омаловажувани или потценувани од страна на македонските членови.
Овај форум не е стриктно поврзан со македонски преводи, правопис и слично, значи јас не барам сите да се држат до бонтон и да ми се обраќаат со Вие, не барам да пишуваат се правописно точно, пошто и мене и на скоро сите членови ни се случува од брзање да погрешиме нешто па да напишиме нешто сосема 3-то. Бараме само да се пишува на кирилица (и пак со исклучоци), да ги користат сите копчиња од тастатурата, а не да штедат, за да речениците кој ги пишуваат изгледаат малку подобро и пред се поразбирливи да се.
Нигде не бараме да не ги користат дијалектите, но пожелно е тоа да се сведи на минимум, од општа форумска култура, пошо не секој разбира се, пр. кумановците јас прилично тешко ги разбирам, па се случува по неколку пати да ги препрашам истото, поради тоа гледајте да сведите на минимум тоа дијалектите, не за мене, него за вас, пошто кога ќе ви треба нешто помош никој нема да ви помогне, нема да можите да се разберите.
Ова онака чисто информативно, без навреда без да наведам некој или слично, општо за сите.
Секој кој има своја идеа нека си пише, колку повеќе идеи толку повеќе можности.