На ebay има ebuyer protection, нема проблем за тоа, ако случајно не го добиеш производот, секогаш можеш да покренеш dispute, а продавачиве (особено оние од Кина) имаат неверојатен страв од покренување на dispute (самото покренување на dispute автоматски им додава negative feedback и тоа многу, не знам точно колку, но многу им се спушта процентуалната вредност на feedback-от), па се прават за да некој не покрене dispute, враќаат пари, молат, ова она... абе се. Дури и пред да го добиеш производот, често праќаат пораки во кои молат да не им даваш negative feedback, „пари ќе ти вратиме, не е проблем, само не ни давај negative feedback и не покренувај dispute“
. Дури и да помине времето за покренување на dispute, пак ги враќаат парите назад
. Мене ова ми се има случено
. И тоа не беше баш некоја мала сума на пари, околу 40-тина долари беа
.