Батка,на шемата е едноставен,најпрост разделник на фреквенции или како се вика - свртница.Значи,ако сакаш да направиш цел систем треба да предвидиш три излезни појачувачи со потребно влезно ниво.Значи ,ако врзуваш некој сигнал од ЦД уред,сигналот мине низ левиот и десниот потенциометар и оди на појачувач,нормално со соодветен предпојачувач за левиот и десен сателит.Оној дел од кој излегува сигналот за вуферот се носи на соодветен појачувач со предпојачувач,наменет да репродукцира само бас фреквенции.Односот на јачината на сателитите и басот треба да биде 1:3 или 1:5 во корист на бас појачувачот.Или просто кажано- бас појачувачот ( моно) треба да биде 3 до 5 пати посилен од појачувачот на сателитите!! Значи - ако имаш сателити со појачувач 2х 20 W ,појачувачот за вуферот треба да биде 60-100W во зависност од осетливоста,големината и типот на бас кутијата која ке биде приклучена.