Гигават пред 3 год сакав ваква да земам за бушење на плочки но земав др со адаптер. Оваа гравирка што си ја постирал е со повеке намени. Еве ја мојта но не ја бива за тоа
Претпоставувам работи со адаптер... не може да постигне доволно голема моќ, затоа :S. Мојата работи на мрежен напон, затоа може и да постигне доволно голема моќност да сече се и сешто
. Да бидам искрен, опасна е, неколку пати ми се има случено да се засечам со неа, така да, ако планирате да купувате, многу пазете при работа со неа
... и задолжително носете заштитни наочари (јас немам
, ама наредно тоа си купувам
, не знаете колку пати ми се има случено парче пластика или искра да ми летне блиску до око, а еднаш и во око ми летна, па потоа вода, се плакнеш, не гледаш како што треба цел ден
... за малку око ќе сум си извадел
).
Како и да е, Dremel се Multitool алатки, имаат повеќе намени
. Затоа и имаат толкав асортиман на наставци кои може да се додаваат на Dremel-от
. Скоро и да нема што не може да се направи со него
. Јас кога прв пат го купив, го купив пред се за бушење на плочки, ама до сега, најмалку за тоа ја имам користено гравирката
. Најкорисна ми била за сечење, брусење, шмирглање и обликување на мали предмети. На пример, многу често ми се наоѓала при сервисирање на laptop-и или netbook-ови, особено ако треба да се прави некое ново скршено делче
. Со гравиркава, песна е
.
Имам сечено и виропласт и пертинакс плочки со неа
. Прилично добро сече, но потоа ќе треба убаво да ја досредиш површината на линијата по која си сечел со шмиргла или нешто слично
. Може и со гравирката ова да се среди, со алатката за шмирглање, ама попрецизни резулати се добиваат ако рачно го средиш ова
. А и не е премногу работа, најчесто само мало дотерување треба да се направи
. Како и да е, Dremel-от ми скратува доста на време
. Инаку, витропласт плочки со Thin Cut лист одлично се сечат
. Пертинаксот малку загреваат при сечењето, па знаат да сменат боја при сечењето и да остане плочката малку потемно кафеавкаста по рабовите отколку на средината :S. Ова најчесто се случува ако сечам на помал број на вртежи, ако ја ставам гравирката на 20.000 или 25.000 вртежи, нема проблем, брзо се сече и не менува боја пертинаксот
. Е сега, недостаток е што при овие брзини треба многу да се пази
.