Имам јас некои такви, во цилиндричен облик, со надворешен дијаметар од 5,3мм, внатрешен дијаметар 2,3мм и должина 5мм. Ако ти вршат работа, ќе ти ги дадам по нула денари парче
5.3mm некако тесно е :S. Спиралниот греач треба да се намота во круг, не знам дали ме разбираш што како треба... ај еве нешто нацртано набрзина
.
Црната линија е кантал жица, ќерамида црвената линија е бакарна жица, а сините правоаголници се керамичките монистри. Значи, всушност, со керамичките монистри и бакарната жица, треба да се осигурам дека греачот нема да се рашири повеќе од определена ширина
. Оригинално, имало некое лискунско јаженце (или барем така изгледаше), ама се скинало (стопило), а не верувам дека ќе најдам нешто такво кај нас, така да, ова ми беше идејата
. Е сега, на сликава има малку керамички монистри, ќе ми требаат повеќе, а тоа зависи и од должината на монистрите
. Исто така, на сликата изгледа како намотката за греачот да е прилично голема (како да е мотан на кружно тело со дебелина од 30mm), во реалност, спиралната кантал намотка е мотана на тело од 6mm :S. И тука се јавува проблемот, кај нас може да најдам само подебели керамички монистри, инаку јас најдов преку пријател, ми рече „земи си колку сакаш“, ама тие беа предебели, а немаше потенки (со помал пречник) :S.
во продавници за миленичиња ги има како био-филтер,за аквариум кеса од 30 парчиња отприлика, ама не се така мали
Мислиш дека по продавнициве за миленичиња ќе најдам и помали
.