ОК, ајде вака да го разгледаме проблемот. Имаш многу USB уреди, а немаш слободни USB порти на куќиштетот, така? Повеќето од луѓето не се свесни, но поголемиот дел од поновите матичните плочи имаат меѓу 8 и 12 USB порти, од кои најчесто само 4 задни, а другите не се врзани или само две од нив се врзани како Front USB. Значи останатите 2, 4, или 6 порти остануваат неискористени. Поточно, тоа се USB Hub порти, но нема везе, за голем дел од уредите ова нема да направи разлика... освен можеби за USB Flash мемории, кои ќе успорат со трансферот ако повеќе се врзани за ист Hub, но ова ќе се осети само ако во ист момент од сите USB мемории се копираат податоци во или од компјутерот.
Мојот предлог е следниов. Пиши што матична плоча имаш, да побараме user manual online, да видиме колку USB конектори всушност имаш и дали ги задоволуваат твоите потреби. Додатните USB конектори се врзуваат преку кабли како на сликите подолу за задниот дел од куќиштето.
Ова ти е далеку подобра опција отколку да ставаш екстерни USB Hub-чиња бидејќи напојувањето од компјутерот сигурно ќе може да ги напојува уредите кои ќе ги приклучиш за овие порти.