Еве и јас да си пишам, ама мислам дека имаше и претходно некоја ваква тема?!, без разлика
Јас не се имам цврсто врзано за тип на микроконтролери, Trolko во првиот пост убаво ги објасна позитивните и негативните страни, со тоа што некако повеќе ги наведе на PIC негативните, ама па од тоа и нема бегање тоа е вистината.
Околу даташитот, незнам јас убаво се снајдувам со нив не сум имал проблем до сега, ама тоа па повеќе зависи од човек до чеовек кој какво искуство има, како е навикнат да работи и слично.
Јас скоро сите проекти кој се со микроконтролер ги работам со PIC, зошто, едноставно пред 10-15 години кога се појавија првите пикови во македонија, во школите по дигитална се воведе PIC16F84, значи уште од почеток започнуваш со нив да учиш, во една дискусија со еден професор, кога го прашав оти го учат него, тој е ептем застарен, вика, одвај се убедивме воопшто да воведат во настават микроконтролери, сега ако бараме да ги замениме треба да се испотепаме.
Значи на децата му се зема можноста да ги проучат и другите микроконтролери.
Микрочип во новите серии на микроконтролери си го поправи тоа со траењето на инструкциите, па повеќето од микроконтролерите изработуваат 1 инструкција за еден такт, тоа што беа потребни 4 такта е кај постарите микроконтролери.
Околу применат, во индустријата позастапен е PIC-от, затоа што го има од поодамна и повеќе луѓе/дизајнери се научени да работаат со него, не сакаат да го заменат, да истражат што има ново на пазарот. Имав можност да видам дигитален лифт кој користи 2 PIC-а, еден за контрола на „ниво“ (спрат) на лифтот, и уште еден за се останато.
Јас имам дома неколку 328-ки ама па незнам за што да ги искористам, никогаш до сега не сум работел со нив, GigaWatt напомена убаво, на нашиот пазар се одвај застапени AVR микроконтролерите.
Поради таа причина јас не можам да изработам ништо со нив, ако сакам да го презентирам негде сите ќе ме мачат каде го најдов делот, за да го набават иди по порачка и на крај ќе ги кошта 5Х поскапо од неговата оригинална цена.
За сложен уред би можел и пик и авр да искористам, сеедно се додека го добијам она што сакам не глеам на која платформа ќе работам.
Околу компајлерите, AVR е застапен повеќе кај отворен софтвер/хардвер фановите, ова мислам дека се должи најмногу поради ардуиното, кое според мене е добро за да би се започнело да се учи таа фамилија на микроконтролери, но со тек на време мислам дека е подобро да се префрли на некоја подобра развојна околина, не зависно дали е пик или авр базирана, затоа што компајлерот на ардуиното, е малку не убаво оптимизиран, од моја гледна точка, некако можностите на корисникот ако нема познавање од софтверско програмирање (во смисла на компјутерско програмирање) се многу ограничени, нема конгтрола околу тоа како би се компајлирал кодот, и на крај нај прост код би зафаќал многу повеќе меморија одошто би требало.
Ова истото се случува и со компајлерите на микроелектроника, кои прво кодот го префрлуваат во некој зададени асемблерски инструкции и од асемблер се компајлира, вака се добива малку не убаво искомпајлиран код, без разлика како е напишана програмата, таа се преведува во асемблер по инструкции на некој друг човек, што не е и најдобро.
Затоа микрочип си ги има MPLAB каде што ти си контролираш што и како.
Компајлерите за авр се најчесто бесплатни од горе наведената причина што се повеќе луѓе од светот на слободен софтвер и хардвер се интересираат за нив, си ги подесуваа онака како што имаат потреба.
Ама па од друга страна микрочип со неговото долгогодишно постоење на пазарот, доведе да повеќе фирми за компајлери кој ги поддржуваат нивните микроконтролери, со долгогодишното искуство си ги оптимизираат нивните компајлери, ама пак иди проблемот со ценат...
Е за ова се од TI Многу подобри, компајлерите се на принцип, ограничено ако немаш хардвер и неограничен и бесплатен со хардвер