Колку снага би давало, за скап ке видиме ќе пресметаме, имам дома едни LM3886 ако се исправни нема многу да ме фати.
Не знам дали ме зезаш или стварно си таков? Па три пати ти напишав колкава снага ќе добиеш.
Ај уште еднаш ако не ти е јасно, али овај пат стварно ќе биде последно: Со твоето трафо LM3886 дава 19W синус на 8 Ома и 35W синус на 4 Ома.
Според мене најдобро ти е да го тераш на напон од +-28 волти ако имаш звучки од 8 ома - Така ке ти одговара 80 ватно трафо за 2 канала
Според мене,боље да ќутиш daniel spasovski и да не се брукаш више.
Ама ова само ако правам со едно ЛМ3886, јас сакам со две за два звучника да биде, и тогаш ќе биде исто?
Твоето трафо ќе може да тера два комада LM3886 како стерео појачало за два звучника.
80W трафо за стерео појачало со LM3886 x2 ...
Трафо со 2x15V после исправљачот дава 2x20V еднонасочен напон. Со тој напон стеро појачало со два комада LM3886 дава на 8 Ома звучници 2x19W=38W синусна снага. Према тоа 80W трафо е супер за 8 Ома звучници, исто и за 6 Ома звучници.
На 4 Ома звучници истото стерео појачало со напајање 2x20V DC дава 2x35W=70W синус. Со трафо од 80W тоа појачало не може да тера 2x35W=70W синус на 4 Ома, али затоа ќе има 2x35W=70W музичка снага на пикови. Музиката не е иста на двата канала, стерео сигнал не е дупло од моно, едниот канал ако дава на излаз максимум 35W синусна снага, на другиот канал сигурно е помалце, према тоа ќе може 80W трафо за стерео појачало и за 4 Ома звучници. ДОбро е трафото да е поснажно, али ќе тера и вака.