Маки,мислам дека имаш погрешна претстава што е тоа Форум.Реагирам,не дека сум против тебе или дека сум на страна на Даниел,туку од принцип дека на Форумов секој може да си каже што и како мисли.Оној пак,што има интерес или ја започнал темата,треба да одбере или да бара појаснувања од другите членови ,ако мисли дека некој одговор не е во ред .Ако некој намерно ствара забуна,тоа е друго прашање.Значи ,право на секој е да си го каже мислењето,ама нико нема право никого да навредува,да омаловажува.Ти Маки си го кажа своето,во ред,нека се јават и други со свое мислење,па секој нека си створи представа што е што.Видов дека и колегата Тома во еден момент реагираше во една тема.Го разбирам што сакаше да каже,ама сепак тоа беше критика во ред.Ве молам бирајте зборови или критиките и забелешките нека одат по пп,а не на ваков начин.Некојпат и јас знам да се вжештам,ама мене повеке ме нервираат некои други појави,а не некој што ке речел.Значи- контра може,ама без навреди.