Чекајте, значи прво да разјасниме дали кутијава е пасивна или активна. На сликите од долниот панел, јас не гледам кабли за мрежен напон, така да претпоставив дека е пасивна. Ако е активна, и те како има добри начини и шеми за сумирање на лев и десен канал во еден моно канал (за subwoofer-от), а притоа, левиот и десниот канал да останат прилично „недопрени“ („неизмиксани“) за да може потоа сигналот да се прати кон засилувач за левиот и десниот сателит. Ако кутијата е пасивна, нема начин да се изведе ова. Ќе ги измиксаш каналите во моно, ама ај потоа врати ги назад во стерео за сателитите (притоа, се разбира, да нема потреба од уште еден засилувач за засилување на сателитите, значи се да биде изведено со само еден засилувач). Ако има, пишете, нема проблем, дајте шема, ќе разгледам, баш ме интересира како е изведено тоа. За пасивна варијанта, освен еден звучник за еден канал, друго логично решение нема.
batka, јасно ми е како оди логиката на push-pull комбинација, истото е и кај засилувачите во B (и AB) класа. Нема некоја голема мистерија. Поентата ми беше: ако едниот канал свири тивко, а другиот гласно, оној кој свири гласно „ќе го влече и бутка“ оној кој свири тивко (нели, има воздух измеѓу двата, а бидејќи се и херметички врзани еден за друг, хеметички е изолиран и воздухот измеѓу нив, така да, мора поместувањето на мембраните да е сразмерно, ако претпоставиме дека воздухот е нестислива мешавина на гасови), така да, ќе се јави ЕМС на краевите на оној звучник кој свири тивко (место потрошувач, ќе се однесува како генератор), а тој повратен напон (ЕМС) ќе се враќа кон засилувачот. Овие повратни „ефекти“, кај многу уреди, се решаваат со поставување на диода во серија, што е одлично решение за импулсни кола, а до сега, немам видено вакви изведби кај звучници, можеби и има, не знам, ама јас немам видено. Затоа пишав дека имаме проблем со повратен напон кон засилувачот, кој ќе се јави на оној канал кој свири потивко.
Поентата ми е: да, овој звучник ќе работи во моно мод, но тоа не е решено со електроника. Ти баш тоа го имаш пишано batka. Едниот звучник ќе биде контролиран од излезот за едниот канал на засилувачот, другиот за другиот канал, поради самата конструкција, а и поради фактот што (како што пиша Doca) човечкото уво не разликува „лев десен канал“ на многу ниски фреквенции, ова се ќе се слуша како моно, но тоа не го менува фактот дека всушност два звучника работат „еден за еден канал, друг за друг канал“.