Кога плоштината ќе ја кренеме на квадрат добиваме одприлика 115 која би била снагата на јадрото на трафото во вати. Јас во сликата погоре сум ја измерил макарата а всушност е јадрото тоа кое што ја одредува моќноста на трафото (според податоците од книгата батка што ми ја прати).
( ако сум погрешил негде корегирајте ме )
Токму така. Врз база на моќноста на јадрото и излезниот напон се одредува со колку дебела жица ќе се мота секундарот на трансформаторот.
ТDA 7294 според даташитот е деклариран како засилувач со 70 вати реална музичка снага а Др. Јагодич употребил во проектот 2 такви така да, овој засилувач би имал потреба од некаде си 140 вати трансформатор без резерва од 30%. Сосе резервата од 30% која би гарантирала квалитетна работа на засилувачот бараме трансформатор со јадро кое може да испорача од 180 вати па нагоре.
Реално, подобро би било трафото да има 200VA моќност. Но, не се откажувај
. Со тие трафа кои ги имаш дома можеш да направиш одличен стерео засилувач со моќност од 2X30W или 2X35W
. Има доста проекти низ форумов
, со интегрирани компоненти, но и со дискретни
. Разлистај, сигурно ќе најдеш нешто што ти фаќа око
. Можеби нема да биде Hi-End, но ќе биде Hi-Fi
.
Мене ме плаши фактот дека јадрото ќе прегрева и недајбоже ќе предизвика топење на лакот на жицата. А уште полошо ми е страв дека засилувачот нема да работи со полна снага или недајбоже ќе изобличува при нормална употреба. Како што прочитав негде на форумот куќата се гради од темели па се плашам да не ја утнам работава од старт.
Да, трансформаторот сигурно ќе прегрева пробувајќи да ја постигне побаруваната моќност, што сигурно ќе доведе до пад на напон... што се однесува до лупењето на лакот од жицата, за вакво нешто да се случи, треба со години константно да биде преоптеретен трансформаторот, така да, ова е малку веројатно. Околу зголеменото изобличување, да, и тоа сигурно ќе го има ако паѓа напонот и ако трансформаторот не може да ја даде побараната моќност.
Но, не се плаши премногу
. И да зезнеш, верувај, не си ни прв ни последен
. Тоа е дел од процесот на учење
. Ако не згрешиме нема никогаш да научиме
. Да, кога се гради засилувач „темелот“ е добро напојување и добра филтерска секција, но ова важи пред се за помоќни засилувачи, со моќност од 50, 60, 70W по канал, па нагоре
. Се што е до кај 30-тина или 40-тина W, не мора да има баш некоја „кој знае каква“ напојувачка секција, ниту пак да има „боли глава од капацитет“ секција за „пеглање“
. Така да, јас би ти препорачал прво нешто такво да изработиш, малку да си „поиграш“ со него (да менуваш вредности на определени компоненти, да видиш која компонента како влијае врз квалитетот на сигналот, да додаваш и одземаш кондезатори во напојувачката секција, да видиш како и тоа влијае врз квалитетот на звукот... на крајот на краиштата, дури и да изгориш некое IC, пиша дека имаш 10-тина нови TDA2030, па белки нема сите да ги искористиш за засилувачи
, мора некое и да изгориш, затоа имаш 10
), па потоа да прејдеш на малку покомплицирани и поскапи конструкции
.