Колега,проектот на Б.Јагодиќ е одлична конструкција и се граничи со професионална градба на појачувач и не може да се споредува со некое појачалце со ТДА 2030.Проблемот е друг: мора да се набави ( читај :купи!) соодветно трафо и да се направи квалитетен исправувач со барем 30% резерва на јачина.Значи,треба да се преслушаш дали сакаш добар појачувач или само појачувач со ТДА2030,кој за жал е далеку од оној на Бора.
Јас сваќам дека TDA2030 e далеку од TDA7294 и од целата градба на засилувачот од Др. Јагодич, но финансиите ќе ме натераат на 2 одлуки :
1. Или да најдам засилувач кој ќе можам да го направам со тоа трафо(макара) што го имам. На пример да најдам некој проект кој е исто така добро разработен а ќе дава 80-тина вати на два излези.
2. Или да почекам да се присоберат пари за нов трансформатор или пак да се најде некој посоодветен половен трансформатор.
Не се откажувај од овој проект...............
Тоа трафо ке ти заврши работа и ке ти биде најефтина варијанта.Дали го одмота и примарот или само секундарот???
Еве ти ја пресметката за ова трафо.......
24 V / 5A е максимумот значи за таа струја жица ке собере и ке добиеш 138 W
2 х 24 V значи користиш жица 1,11mm без лак 2 х 95 намотки
Ако си го растурил и примарот........
877 намотки со жица 0,55mm без лак
По неколку часовно учење и пресметување добивам следни податоци:
Јадрото што го имам на овој трансформатор е со димензии :
а=2.9
b=3.7
Кога ќе ги помножиме тие две за да добиеме плоштина добиваме 10.73.
Кога плоштината ќе ја кренеме на квадрат добиваме одприлика
115 која би била снагата на јадрото на трафото во вати. Јас во сликата погоре сум ја измерил макарата а всушност е јадрото тоа кое што ја одредува моќноста на трафото (според податоците од книгата батка што ми ја прати).
( ако сум погрешил негде корегирајте ме )
ТDA 7294 според даташитот е деклариран како засилувач со 70 вати реална музичка снага а Др. Јагодич употребил во проектот 2 такви така да, овој засилувач би имал потреба од некаде си 140 вати трансформатор без резерва од 30%. Сосе резервата од 30% која би гарантирала квалитетна работа на засилувачот бараме трансформатор со јадро кое може да испорача од 180 вати па нагоре.
Мене ме плаши фактот дека јадрото ќе прегрева и недајбоже ќе предизвика топење на лакот на жицата. А уште полошо ми е страв дека засилувачот нема да работи со полна снага или недајбоже ќе изобличува при нормална употреба. Како што прочитав негде на форумот куќата се гради од темели па се плашам да не ја утнам работава од старт.