Здраво,
Правам една плочка, а сега прв пат читам за правење трафо, па имам едно купче прашања...
Прво околу моќноста. Потребни ми се околу 650mA со 12V и 600mA со 5V.
1. Ако правам од 220 на 12, кој потоа ќе оди на грец, па после него ќе се добие напон 12*sqrt(2)=17V, дали за пресметување на моќноста ќе треба да биде 17*(0,6+0,65) или 12*0,65+5*0,6 или нешто трето? Ќе користам 7812 и 7805 стабилизатори.
2. Мислам дека нема да има проблем ако направам помоќно трафо отколку што ми треба, м? Ако ми треба 10W а јас да направам 15W? По некоја логика...
3. За пресметување на моќноста на примарот, дали се стандардни губитоците од 20%, па да мора да се пресметува според: Pp=1.2*Ps?
4. Слично и за бројот на навивки на секундарот, со множењето со 1,11 (Ns=1.1*Vs*n)?
5. Малку ме буни формулата: d=sqrt(I/2)... Некаде пишува дека d е дијаметар, а некаде напречен пресек. Што е точно? Дали ставање подебела жица може да направи проблем?
Поздрав...