Ова со поделената касетка е најдобра опција, ако можеш да најдеш. Бакарната трака не е обавезна, затоа ти пишав ако можеш не е лошо да ставиш, ако не здравје...
Жицата, посебно подебелата од секундарот, колку и да ја затегаш со рака пак ќе се „врати“ малце и нема да биде идеално затегната, затоа се става лак, за да ја стегне да не осцилира после (истовремено да ги стегне и лимовите да не зујат). Најдобро е да се потопи целото трафо, и тоа во вакуум за да продре насекаде лакот, ама тоа е малце тешко во аматерски услови. Температурата на печење ја пишува на кутијата од лакот, ако не се испече нема да се стегне. Некои ставаат лак за паркет како замена за трафо лак, ама немам искуство како функционира ова.
Botom line - ни трака ми лак не се стриктно неопходни, иако се многу пожелни, на почеток имам премотувано трафа без ниедно од нив, без моталица - на рака, со креп-трака помеѓу слоевите, па еве ги и ден-денес работат, малце зујат додуше ама уште работат
Иначе мислам дека си згрешил што си го размотал и примарот, ќе си заштедеше доста работа ако го оставеше...