Мислам дека конечно треба да се отвори една ваква тема бидејќи често членовите треба да upload-ираат слики со привремен карактер (како на пример слики од огласи). Исто така, добро е да имаме тема во која ќе имаме позитивни и негативни критики на определени image host-ови врз база на стабилноста, колку долго се чуваат сликите, дали автоматски се прави resize на сликите, кави опции имаат, која е максимална големина на сликите кои може да се upload-ираат, дали дозволуваат direct linking, дали генерираат thumbnails, итн.
Искрен да бидам, темава ја оторив бидејќи едно време членовите го користеа host-от pic.mk, кој падна (не знам дали газдата решил да го затвори или нешто трето е во прашање), па многу слики пропаднаа :S. Од шеми, до слики од готови проекти, итн.
Да скратам, јас ги користам imageshack.us и photobucket.com. На кратко ќе пишам кои се предностите и недостатоците на двата.
imageshack.us- регистрација - задолжителна
- direct linking - дозволено
- thumbnails - да
- max filesize - 1MB
- max resolution - по default, host-от им прави resize на сликите, но ова не е задолжително и може да се подеси да не им прави resize
- file life - пишува дека слиите се зачувуваат перманентно, но имам прочитано на неколку сајтови дека се случува понекогаш да се избришат дел од сликите, најверојатно поради проблеми со host-от, но мене ми се нема ова случено
- стабилност - прилично стабилен host, но морам да признаам дека брзината со која се load-аат сликите веќе не е иста како порано, најверојатно поради зголемениот број на корисници
photobucket.com- регистрација - задолжителна
- direct linking - дозволено
- thumbnails - во опциите се избира што сакате да се генерира при upload-ирање на сликите, а во овие опции има и thumbnail generation
- max resolution - со free account, ограничена е на 1024 X 768 пиксели, па ако upload-ирате слика со поголема резолуција, host-от автоматски им прави resize на сликите
- max filesize - не е ограничена бидејќи и онака host-от прави resize на сликите, па автоматски и големината им се намалува
- file life - неограничено, а и немам чуено некој да се пожали дека сликите му биле избришани, дури и по неколку години неактивност на account-от, сликите се сеуште таму
- стабилност - одлична, имам читано критики и photobucket е меѓу првите во однос на стабилноста, скоро и да се нема случено photobucket да има downtime, а и бризната со која се load-аат сликите е одлична (една од причините е најверојатно намалената големина сликите поради resize-от кој го прави host-от при upload-ирање на сликите)
Ако треба да upload-ирам слики со голема резолција, најчесто го користам imageshack.us, а ако големината на сликите е до 1024 X 768 пиксели, го користам photobucket.com.
Па, ајде, да видиме вие кои host-ови ги користите и какви искуства имате со нив
.