5ка кабел нема прв појак од тоа е 6ка па 10ка па 16ка (во мм2)
еве ти кој кабел за која ампеража е предвиден
секако има отстапки од тоа каде и како е поставен но за ориентација ти е сосема доволна.
Благодарам на информациите... мене погрешно ме советувале очигледно за кабелот.
Стабилизаторот само ќе ја зголеми потрошувачката на струја, може ти да имаш добар напон, ама на сметка на комшиите.... Кога е оптоварен моторот нормално е да троши некој ампер повеќе, но не прекумерно(околу некои 10 %+) Да ја дислоцираш машината може да се реши проблемот, но не е гаранција дека нема да се појават проблеми...
На почетокот спомна дека ЕВН ти нуди решение да купиш нов трансформатор итн..., меѓутоа за каков трансформатор станува збор? Бидејќи машината е 7,5 киловати, не ти е потребен "маалски" трансформатор, односно не мора да го решиш проблемот на цела населба, потребен ти е некој помал трансформатор 10-тина киловати, колку за твои потреби, далеку поефтин од огоромните трансформатори, а околу трошоците за поставување линија до кај тебе- тоа не знам...
Ако призводителот има сервис во македонија, можеби најдобро е да се консултираш со нив- највеорјатно имале до сега проблем сличен на твојот, па не мора да луштал наоколу за да го најдеш вистинското решение.
Сепак податокот што напонот паѓа на 170в при производство е загрижувачки- тогаш моторот би ребало да е најоптоварен, да влечи најмногу струја, а мрежата да не може да испорача доволно енергија...
ЕВН и нов Трансформатор дефинитивно отпаѓаат од игра. поверојатно е да ја сменам локацијата. Моментално местото нема детален урбанистички план па со тоа и нов приклучок на струја со адекватен стабилен напон е тешко изводлива опција.
Производителот на машината е од Кина, од таму и јас ја увезов директно. За сервис и одржување немаат никој овластен во регионов... само по mail можам да се консултирам со производителот.
Ке ни пишеш нешто,ние ке се утепаме пишувајки два дена во кој тебе ке те нема никаде па ке пишеш нешто сосема трето и пак ние ке си пишуваме а тебе ке те нема и се така до денес кога кажуваш дека машината е нова...................
Сликај ја еднаш таблата да ја видиме немора да ни откриваш за каква машина се работи само таблата.................
се извинувам за неажурноста. ама машината ми е лоцирана 30 km од местото каде живеам и единствено во неработен ден можам да тркнам и да ја сликам таблата или испробам подетално.
Верувај пријателе мене највеќе ми се брза и сум нестрплив да ја средам работата... ама тоа е.
Ќе направам слика од таблата во прва наредна прилика.