Според сликиве ако се ориентираме конкретно мислам на амперметарот, не е точен или твојот мотор повлекува дупло повеќе струја, што наведува дека моторот можеби е оштетен, ако е така би се почуствувала миризбата од изгорен лак во моторот.
За волтметерот мислам дека е попрецизен и го дава напонот на мрежата 350 v без оптеретување и со работа паѓа на 300V
Емпериски за овој напон струјата би била некаде околу 18 А, а кога би бил добар напонот ќе си биде околу 16А.
Мекиот старт мислам дека ќе ти помогне во овој случај.
За пресекот, најдобро е ако куќниот приклучок е од столб (воздушно) да се променат жиците со самоносив кабел СКС 16 алумински, што одговара на бакарен 10мм
2 исто од броило до инсталацијата на моторот да инсталираш кабел ПГП 5х6мм
2, осигурачите топливи од 25А. и добро заземјување на целата инсталација како и на самата машина.
можеш од пазариве да си купиш струјна клешта не се скапи па ќе ти врши работа да измериш секоја фаза колку ти влече струја.Исто и напонот да го измериш на секоја фаза поединечно. Најчест случај е да повеќе монофазни потрошувачи се поврзани на најниската фаза од столбот (бандера) и таа да е најоптеретена, со преврзување од страна на ЕВН би се урамнотежила оптереноста на фазите од тој извод.
Исто претпоставувам оваа струја е во празен од кога машината не е оптеретена, кога би работела ќе повлече некој ампер повеќе. Размислувај и за кондензатори да приклучиш на мрежата да го поправат cos FI кој е 0,84 за овој мотор.
и најди електричар да ти брка работа, на секој пост те потсетувам
прилог: струјна клешта