дефинитивно од шемата гледам дека машината(моторот) ти работи на 400V три фази, она што тебе те има збунето е она што го пишувана на шемета дека поврзувањето може да се изведе на мрежа од 200V, 230V и 260V но тоа е само за команднто коло додека за енергетското коло машината си побарува 400В три фази со јачина од како што си наввел од 7,5KW или отприлика 15А по фаза. Искрено се сомневам дека проблемот ќе се реши со софт старт или фрекфентен регулатор. Дополнително од тоа што го гледам на шемата е дека нема склоп ѕвезда/тријаголник бидејќи имаш само еден контактор, двете сигнални светилки ти се за сигнализација на тоа дали моторот ти работи или не. Јавно ти се извинувам за тоа што неправедно те обвинив