И јас да кажам нешто
Согласностите од поодамна за еден нормален куќен приклучок се даваа на 1,5kW за монофазен приклучок и 3 kW за трифазен, додека беше ЕСМ, е сега бројките се поголеми,за едновремена моќност се работи, а тоа со трафото и НН мрежа е друга слика.
За ЕСМ воопшто не се гледаше за стандардни приклучоци, а сега ако не е задоволен падот на напон и струја на куса врска нема приклучок, а од август лани ако не си во ДУП (детален урбанистички план) нема стандарден приклучок, се оди на твоја сметка за реализација на приклучокот по сите ЕУ стандарди, а ако си во ДУП ќе се гради и трафостаница и НН мрежа, а плаќаш како стандарден приклучок околу 500 Еура за до 40kW едновремена снага и пад на напон до 5 % во ЕУ е 3% за централно градско подрачје, како оди кон периферија бројката расте, за селски средини може и 10 %
Проблемот ќе го решиш со дислоцирање на работилницата поблиску до трафото, само пиша дека моторот е трифазен со 220 волти, ако е трифазен е 380 волти, а не 220-230 волти. За трифазен ако едната фаза е повеќе оптеретена и е под 200 волти тогаш и стартот е продолжен па ете ти проблеми.
арно си правник земи си пенкалцето, што ти текна за мало стопанство
ЕВН нема да ти го реши овој проблем освен ако можат да ја прераспределат оптеретеноста на сите 3 фази приближно иста кај некои монофазни потрошувачи, за добри снаги постојат индустриски зони каде се инвестира и се исаплати таа инвестиција, не е исплатливо за еден да се реконструира мрежа, ќе се случи и тоа ама кога ќе и дојде ден.
А ти побарај си зголемување на моќност во ЕВН на 17kW едновремена па да видиме колку ќе излезе математиката. само немој да кажеш дека си одалечен од трафото 800 метри. (максимум за самоносив воздушен СКС 70 е 260м.), а ако е кабел подземен може и многу повеќе.