Да да, MURO е во право
. Изгледа само како стартот на машината да прави проблем, што е сосема нормално, многу струја повлекува во првиот момент бидејќи сеуште не е влезена машината во „нормален“ (стационарен) режим на работа
. А тоа што PC-иња и телевизори се гасат, и тоа е сосема нормално, при поголем пад на напон, се активираат заштитите кај овие уреди и се гасат/ресетираат, дури и ако краткотрајно падне напонот, се што е подолго од (на пример) 0.2 или 0.3s, они го регистрираат како дисконтинуитет во напојувањето, и реагираат заштитите кај телевизорите, односно, се ресетира компјутерот (или се гаси).
Дали е проблемот само кај стартот на моторот можеш да испиташ ако замолиш некој од комшиите да измериш како паѓа напонот при пуштањето на машината во работа
. Ако паѓа само кога ќе се пушти во работа, решнието е она кое го има пишано MURO
. Само да нема некои дигитални кола таа машина, бидејќи тие кола не се некои големи фанови на мекиот старт
.