Па многу е ова...........Јас мислев околу 200 евра па ке дадев предлог кој сака од форумот да се собереме па да платиме........Страшна цена стварно не го очекував ова...........
Па затоа и не се преведува многу ваква литература, бидејќи е скапо
. За 200 евра, нема никој да се нафати да преведува 600 и кусур страници стручна литература, а и белетристика, тоа е прениска цена... можеби некој ќе се нафати за, на пример 500, 600, 700 евра, ама каков ќе биде преводот и дали некој ќе може да разбере за што станува збор во книгата... тоа е веќе сосема друга работа
... на крајот на краиштата, и тука важи народната, колку пари толку музика
.
Инаку, просечна цена за страна преведена на Македонски од Англиски е меѓу 250 и 450 денари (во зависност од комплексноста на преводот, временскиот интервал во кој се бара преводот да биде готов, големината на преводот и некои други фактори, обично на поголеми преводи им се спушта цена по страна, освен ако не се бара преводот да биде готов во некој многу краток временски интервал, на пример, книга од 600 страни да се преведе за еден месец
, тогаш може и да се накачи цената), а за една цела страна превод се сметаат 1500 карактери без празни места (spaces), Word може да прави такви статистики, така да, цената може лесно да се пресмета. Но, зборувам за превод на место, а не Google Translate превод (половина од речениците не се целосни, на другата половина не можеш крај да им најдеш од што не се склопени како што треба, стручни термини се преведени директно, бидејќи преведувачите најчесто не се стручни во таа тематика, па не знаат што значи тој и тој термин и го преведуваат буквално, а буквално преведен... дур да ти стане јасно што сакал да каже преведувачот... полесно ќе ти биде на Англиски да го читаш материјалот
). Сум читал вакви преводи, од нестручни лица на стручна литература... во најмала рака, смешно звучи
.
Има некои кои преведуваат стручна литература (и општо, било каква литература) и за 100 или 150 денари од страна... има и за 60, 70, 80 денари од страна... ама како што пишав, каков ќе биде преводот, тоа е веќе сосема друга работа
.
ПС: Еве ќе дадам пример за превод од нестручно лице на материјал од областа на електрониката. Инаку, материјалот беше преведуван од Англиски на Македонски.
Англиски (оригинал): The biasing of the transistor is done...
Македонски (превод): Пристрастноста на транзисторост се изведува...
Нели смешно звучи
. Можеби некој ќе разбере за што станува збор, ама смешно е
. Можеби не беше буквално ваква конструкцијата на реченицата, ама дефинитивно го имаше зборот „пристрастност“ во неа
.