Најверојатно нема да најдеш таква хартија во Скопје, и јас го имам превртено Скопје барајќи специјални хартии од различни типови за тонер-трансфер постапка, не носат таква хартија. ProGrafika донеле определена количнина од некоја мулти-тансфер хатрија специјализирана за тонер-трансфер, ама распородадена е и не планираат да носат уште. Зошто, не знам, претпоставувам дека продажбата одела споро (ретко кој сеуште работи со електроника, особено не како хоби, а оваа постапка најчесто е користена од хобисти), па решиле да не ја носат повеќе.