Напојувањето е 550W реална моќ , мислам дека нема опција за кревање на множителот ако мислиш на тоа 333x9 .. (на 9-ката) , Ова не ти го сватив .. (претходно, дали ја откачи фреквенцијата на PCI-E од таа на FSB, и која фреквенцијата на меморијата? ) А матичната е jaка - JW-P45D2-ULTRA Stock ладење користи
Значи за почеток, не кревај толку многу FSB, оди чекор по чекор. Инаку, во Advanced - CPU Configuration: CPU ratio control стави го на manual и види дали можеш да кренеш множител.
Исклучи C1E support и SpeedStep, а и Spread spectrum ако го имаш во истото мени.
После, во тоа Woot менито што тие, PCIE control ако ти е на ауто, мора вредноста да ти биде на 100, ако не е на 100 вредноста, мануелно врати го на таа вредност. Вредноста може да се покачи поради зголемување на брзината на FSB.
Фреквенцијата на рамот доколку се покачи додека е изберено Auto, тогаш врати ја мануелно на стандардната фреквенција.
За волтажата ти кажав, ќе прогуглаш и ќе одиш чекор по чекор со процесорот.
Само повторно ќе кажам, најпрво види дали можеш да го зголемиш CPU ratio односно множителот.
Поздрав