Што IC е? Да не е некој микроконтролер/микропроцесор? Има дисплеј машината за перење? Ако е микропроцесор, најверојатно има и EEPROM во кој е запишана програмата потребна за работа на машината за перење. Ако не можеш да најдеш dump од програмата, најверојатно нема да можеш да ја направиш машината за перење бидејќи шансите да е изгорен и EEPROM-от се прилично големи. Ако EEPROM-от е во склоп на микропроцесорот/микроконтролерот и ако не можеш да најдеш dump од програмата, дури и да успееш да најдеш ист или компатибилен микроконтролер, нема да ти врши работа :S.
Ако има EEPROM, пробај исчитај го EEPROM-от. Ако не дава „џибериш“ на излез (само FF или 00), можно е да преживеал и тој и програмата
. Ако не може да се исчита, дефинитивно е изгорен :S... или има заштита од читање, но оваа варијанта е помалку веројатна.