batka, у грешка си.
Краткоспојниците (плочки или жички) на bi-wiring конекторите од хи-фи кутиите не ја премостуваат пасивната скретница,пасивната скретница стално е споена измеѓу bi-wiring конекторите и драјверите.Пасивната скретница стално си функционира,без оглед дали ќе го извадиш краткоспојникот и дали ќе поврзеш две појачала или едно појачало.
Само у професионалната аудио техника се прават звучни кутии со скретници кои можат да се премостат со прекидач,за директен пристап кон драјверите.Онда басот директно иде на едно појачало а високотонецот директно иде на друго појачало,а пред двете појачала се става активна скретница.Тоа у хи-фи техника нема,осим у ептен ретки и ептен скапи искључоци.
Под биамплификација у хи-фи техника се подразбира напајање на звучна кутија со две појачала,без активна скретница,а се користат постоечките пасивни филтри за басот и високотонецот од скретницата у кутијата,без премостувања и без прекидачи.Хи-фи звучните кутии немаат прекидач со кој се премостува скретницата,него имаат bi-wiring конектори: еден пар конектори за улаз у пасивниот филтер за басот и друг пар конектори за улаз у пасивниот филтер за високотонецот. Пасивните филтри стално се укључени на драјверите - басот и високотонецот,не можат да се премостат.Ако кратко се спојат овие два пара bi-wiring конектори (плус со плус и минус со минус) онда улазите на филтерот од басот и филтерот од високотонецот се кратко споени и добиваме класична скретница која се напаја со едно појачало. Ако се извадат краткоспојниците измеѓу двата пара bi-wiring конектори,онда имаме биамплификација: едно појачало се прикључува на улазот на пасивниот филтер од басот,а другото појачало се прикључува на пасивниот филтер од високотонецот.На улазите од двете појачала иде ист улазен сигнал,не се користи активна скретница пошто нема потреба,пасивните филтри од bi-wiring скретницата ја вршат таа работа.
Сасвим трета ствар е ако сами правиме звучна кутија,онда најдобро решење е она од професионалната аудио техника.
За bandwith се користи изразот појас (опсег) на фрекфенции,не низа на фрекфенции.Низа подразбира дискретни вредности на фрекфенции,а појас е континуиран.