Здраво warningteam,
Дали можеш да најдеш оперативен систем кој се стартува директно од CD/DVD? - без да има потреба од инсталација на HDD, или воопшто да користи HDD (да го исклучиш/откачиш HDD-то).
Такви се: miniPE, superPE, WinPE, UltimateBootCD, HirensBootCD, ...
Идеата е да стартуваш за проба, оперативем систем без инсталација, дали ќе ти се појават повторно проблемите/симптомите.
Ова го кажувам за со сигурност да расчистиш дали е hardware-ски проблем, и дали е во HDD-то. На некои од овие самостојните bootCD-а има и програми за проверка/тестирање на hardware-от (се разбира ако воопшто се boot-ира.)
Поздрав,
mkfe.