Конверзијата е многу проста, не знам зошто толку се буните
.
На пример, даден ти е напон од 100V. Треба да го конвертираш во mV и kV. За да го претставиш во kV, само ја поместуваш децималната запирка три места на лево (значи, 100.0V станува 0.1000kV, односно 0.1kV), а за да го претставиш во mV, само ја поместуваш децималната запирка три места на десно (значи, 100.0V стануваат 100000.0mV, односно „сто илјади миливолти“).
Истото ќе важи и за сите останати вредности дадени во mV или kV. На пример, за да ја смениш врендоста на 0.35kV од kV во V, треба да го направиш следното: ја поместуваш децималната запирка три места на десно (обратно од тоа што го правеше за конверзијата од V во kV), односно 0.350kV (всушност, 0.35kV, но намерно ја додавам нулата, за да биде појасна конверзијата
) стануваат 350.0V, односно 350V
.
Значи, резиме, секогаш преместуваш по три децимални места. Дали на лево или на десно, тоа веќе зависи од самата конверзија. Користете и проста логика
. Не е можно да добиете поголема вредност во kV ако оригиналната вредност е во V
. kV е поголема мерна единица од V, така да, ако ви е дадена вредноста во V, а треба да се конвертира во kV, не може да добиете поголема вредност во kV
. Можете само помала да добиете
. Обратното важи за конверзија во mV (треба секогаш да добиете поголема вредност во mV отколку во V). Ако ви е полесно, додавајте нули на крајот од дадената вредност или пред неа (но само при поместувањето на децималната запирка, потоа, сите нули кои не се потребни, ги изоставувате).